Корпорацијата Toyota го смени името на европското одделение за истражување и развој Toyota Motorsport GmbH (TMG) во Toyota Gazoo Racing Europe (TGR-E).
Компанијата е основана во германскиотр град Келн во 1979 година под името Andersson Motorsport GmbH. Откако станува дел од Toyota во 1993 година, таа го менува името во TMG. Уште од основањето, германскиот огранок се грижеше околу настапите на Toyota во мотоспортот. Во последните неколку години, TMG го прошири своето делување со развојот на спортската серија модели GR. Серијата досега се состои од GR Supra и од GR Yaris, а се очекува наскоро и компактот Corolla да добие спортска изведба. Со промената на името во Toyota Gazoo Racing Europe (TGR-E) се покажува блискоста на германската компанија со Gazoo Racing Company (GRC).
Toyota Gazoo Razing Europe останува како центар за активностите на Toyota во мотоспортот и од својата база во Келн ќе соработува со Gazoo Racing Company. Како дел од активностите е подготовка на мотори за автомобилите на Toyota што ќе учествуваат во светското првенство во издржливост WEC и во светското првенство во рели WRC.

Германскиот огранок на „Gazoo“ ќе учествува и во усовршувањето на GR Supra GT4, за приватните тимови во GT-шампионатите. Искуството и експертизата на TGR-E ќе се користи и во развојот на сериските модели на Toyota.
„Главната цел на учеството во мотоспортот, кој е борба на дела што се изработени од производителите, е победувањето. Затоа TGR Europe мора да биде тим од професионалци што произведуваат победнички дела. За и натаму да победуваме, мораме да вршиме kaizen (постојан напредок) и работите да ги правиме уште подобри, без разлика на околностите. Нашиот тим ќе продолжи да изработува уште подобри автомобили тука во Келн, Германија, за победа.“
Акио Тојода, претседател на корпорацијата Toyota Motor Corporation
Профил на TGR-E

- Име: TOYOTA GAZOO Racing Europe GmbH
- Локација: Toyota Allee 7, 50858 Köln
- Бизнис: Целосна поддршка за учеството во WEC; испорака на мотори за WRC; развој на сериски автомобили
- Вработени: Околу 300
















