Фабриките на Porsche ќе мируваат уште една седмица, додека останатите производители планираат да продолжат со производство уште во понеделник. Проблемот е кај синџирот добавувачи.
Продукцијата во матичната фабрика на Porsche во Цуфенхаузен, во близина на Штутгарт, како и во фабриката во Лајпцих, ќе мирува уште една седмица, изјавија од спортската марка на концернот Volkswagen. Проблемот е во тоа што уште се појавуваат тесни грла во глобалниот синџир добавувачи и тоа оневозможува стартот да се одржи во претходно планираната временска рамка.
Останатите производители најавија дека повторно ќе го обноват производството на автомобили во фабриките во Германија, коешто беше запрено поради пандемијата од вирусот корона. Daimler, Volkswagen и Audi планираат уште во понеделник да го продолжат производството во неколку свои фабрики.
Производството во Porsche мирува околу четири недели. За следните чекори се решава на неделно ниво.
Porsche Taycan со две титули во изборот за светски автомобил

















