Велигендското јајце на Rolls-Royce

Велигендското јајце на Rolls-Royce
Велигендското јајце на Rolls-Royce

За велигденските празници, Rolls-Royce ги објави фотографиите од фаберже-јајцето што предизвика огромно внимание на сцената пред две години. Овој уметнички објект беше изработен за колекционер на Rolls Royce – и на јајца фаберже.

Историјата на фаберже јајцето е поврзана со Велигден. Во 1885 година, рускиот император Александар Трети, сакал на својата сопруга, императорката Марија Фјодоровна, да ѝ подари нешто посебно за Велигден. Чоколадно јајце било премногу обично за стандардите на императорот.

Императорот побарал прочуените јувелири од Куќата Фаберже во Санкт Петерсбург да изработат нешто спектакуларно. Јувелирите создале златно јајце, со бела обвивка од емајл, којашто се отворала, а внатре се криела златна жолчка. Во неа, пак, се наоѓала златна кокошка, со дијамант во форма на кралската круна и со мал рубин внатре.

Нормално, рускиот владетел бил одушевен од делото и оттогаш потекнува традицијата за подарување јајце фаберже во династијата. Во неговото владеење биле изработени уште 9 примероци и уште 40 за времето на Цар Николај Втори (и љубител на Rolls-Royce).

Повеќето од јајцата фаберже се губат по револуцијата, третото императорско јајде пред шест години достигна цена од 33 милиони долари на наддавање во Лондон

На повеќето од овие вредни дела им се губи трагата по револуцијата во 1917 година. Во 2014 година, третото императорско јајце фаберже, изработено во 1887 година, беше продадено на аукција во Лондон по цена од 33 милиони долари.

https://photos.app.goo.gl/Zvht7rwiYmMXAY5CA

Пред две години, Фаберже и англискиот производител на луксузни автомобили се здружија со цел заеднички да изработат модерно императорско јајце. По замисла на Rolls-Royce, руските јувелири изработија јајце високо 160 милиметри и тешко 400 грами. За изработката се користени 18-каратно бело злато, 10 карати бели дијаманти, 390 карати аметист, заедно со природен кристал, бојадисано злато, сé изработено рачно. Механизмот се цени како најсложен што досега е користен во јајце фаберже, вклучувајќи микроинженеринг.

Со официјалното име „Spirit of Ecstasy“ Fabergé Egg, ова дело беше прикажано во октомври 2018, во седиштето на Rolls-Royce во Гудвуд, пред избрани гости, за потоа да биде изложено во излогот на Faberge во лондонскиот Мејфер.

https://www.instagram.com/p/B-6d-jvgy2M/

https://www.instagram.com/p/B8MuYIUAXBd/

Дали сакате Rolls-Royce да ви извезе гоблен во автомобилот?

Претходна објаваКлиентите на Ferrari донираат милиони евра во болниците во Модена
Следна објаваMercedes во првиот квартал испорача 477.400 автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here