Чешкиот производител на автомобили ја воведе третата генерација инфо-забавни системи на концернот во моделите Skoda Scala и Kamiq. Вградениот eSIM овозможува двата модели постојано да бидат онлајн и во друштво на дигиталната говорна секретарка Лаура, која асистира при навигацијата, пушта музика и воспоставува телефонски контакт.
Статистиката за компактниот СУВ-модел Kamiq покажува дека повеќе од половина (52%) од досега испорачаните примероци поседуваат виртуелен кокпит, односно дигитални инструменти со пречник од 10,25 инчи. Може да се избира меѓу пет различни видови на приказ: Класичен со голем брзиномер и бројач на вртежи, основен, модерен и спортски, како и збогатен, кога се покажуваат и информации од навигацијата.
Покрај тоа, 41% од купувачите на Kamiq се решиле за топ инфо-забавниот систем Amundsen, со онлајн-навигација. Најголем дел (49%) се решиле за Bolero со дисплеј од 8 инчи. Два од секои три испорачани примероци лани поседувале и дигитален прием на радио. Во третина од возилата, телефонот се полни безжично. Дури 95% од испораките од овој модел поседуваат SmartLink – од нив 60% се за „жичаната“, а 40% за безжичната изведба на оваа ставка.

Сопственичките и сопствениците на Skoda Scala најмногу го ценат соодносот меѓу цената и добиеното, односно противвредноста на просторната комбилимузина. Половината од испорачаните примероци од првито вистински „голф“ на Skoda, поседуваат радио Bolero, додека 28% ја избрале топ-варијантата Admundsen. Во третината примероци од овој модел, што се очекува да доживее продажен бум откако ќе стартува новата (и повисоко од досега позиционираната Octavia), возачките и возачите избрале виртуелен кокпит (34%). Пакетот за телефонија е инсталиран во четвртина од продадените примероци од Scala, а повеќе од половината од овие возила поседуваат дигитален радио прием. Кај Scala, 90% од возилата имаат SmartLink.
Аудиофилскиот звук се цени кај Skoda Scala и Kamiq
Статистиката покажува и дека добриот звук се бара кај двата „компакти“ на Skoda. Кај 81% од испорачаните примероци од Scala и кај 89% од Kamiq, озвучувањето поседува осум звучници. Не минува лошо и врвниот аудио систем, за кого се решавале еден од секои дванаесет купувачи на Kamiq. Во овој случај станува збор за моќност од 405 вати и централен звучник врз арматурната табла, вклучувајчи и сабвуфер во коритото за резервно тркало.
Го прочитавте нашиот тест на Skoda Scala?

















