Електричната Skoda се распродаде за два месеци во Британија

skoda citigo-e iv електрични автомобили
skoda citigo-e iv електрични автомобили

Citigo е повлечен од ценовникот на Skoda за британскиот пазар. Причината: Планираната количина од 400 примероци од малечкиот автомобил со погон на струја за целата 2020 година се распродаде за помалку од два месеци.

Првиот електричен автомобил на Skoda, верзијата на Citigo со погон на струја и со дополнителна ознака „e iV“, повеќе не е достапен за британските купувачи. Нарачаната количина што увозникот планираше да ја продава преку целата година, се „потроши“ за помалку од два месеци откако дилерите ги отворија книгите со нарачки.

Станува збор за 400 примероци од електричниот автомобил што се произведува во фабриката во Братислава, Словачка, заедно со идентичните верзии на Volkswagen up и Seat Mii. До средината на минатиот месец, сите примероци си најдоа сопственичка или сопственик.

Citigo повеќе не фигурира во британскиот ценовник, но нарачани се нови количини, коишто ќе започнат да пристигаат откако ќе продолжи производството во фабриката, запрено поради пандемијата од корона. На пазарот и натаму се достапни електричните верзии на VW up и Seat Mii.

Skoda Citigo-e iV е меѓу најдостапните електрични автомобили од големите марки, со цена од 16.955 фунти (околу 19.000 евра) за основниот модел на британскиот пазар. Градскиот четирисед според Skoda минува до 260 километри со едно полнење, а за батеријата да се наполни до 80% потребен е еден час на брз полнач.

Skoda Citigo iV Frankfurt
Skoda Citigo-e iV

Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја

Претходна објаваДигиталните ретровизори во Lexus ES 300h со доплата од 2.000 евра
Следна објаваРусите ја зголемија продажбата на автомобили во март

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here