Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики

Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики
Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики

Запирањето на производството во автомобилските фабрики во Европа, поради кризата од Ковид-19, погодува 1.110.107 вработени лица во индустријата. Тука се вклучени само лицата што работат во фабриките за автомобили и стопански возила, не сметајќи ги работните места кај добавувачите.

Продукцијата во фабриките за автомобили ширум ЕУ ќе остане покуса за 1.231.038 моторни возила досега. Просечното времетраење на паузата во фабриките изнесува 16 денови. Загубите ќе продолжат да растат доколку мирувањето на погоните продолжи или доколку и другите фабрики престанат со работа.

Овие бројки се однесуваат само на 27-те членки на ЕУ, заедно со Велика Британија. Автомобилската индустрија во ЕУ брои 2,6 милиони директни вработувања, во 229 фабрики во регионот. Доколку се вклучат и работните места кај добавувачите и другите индиректни вработувања, бројката расте на 13,8 милиони лица во Европската Унија.

Неколку основни податоци околу автомобилската индустрија во ЕУ

    • Во автомобилската индустрија работат (директно и индиректно) 13,8 милиони Европејци, што претставува 6,1% од сите вработувања во ЕУ
    • Автомобилскиот сектор учествува со 11,4% во работните места во производството во ЕУ, со околу 3,5 милиони лица
    • Од моторните возила се собира данок во висина од 428 милијарди евра само во ЕУ15.
    • Автомобилската индустрија произведува трговски суфицит од 84,4 милијарди во ЕУ.
    • Прометот што го постигнува автомобилската индустрија претставува повеќе од 7% од БДП на Европската Унија.
    • Во развојот годишно се вложуваат 57,4 милијарди, автомобилскиот сектор е најголем приватен фактор во иновирањето во ЕУ, претставувајќи 28% од вкупните трошоци на ЕУ.

Колкави губитоци предизвикува кризата по одделни држави во ЕУ

Држава
Вработени
Пропуштена продукција

Германија

568518

359287

Франција

90000

113200

Италија

69382

78434

Шведска

67000

18253

Велика Британија

65455

94717

Чешка

45000

83863

Словачка

20000

52411

Унгарија

30000

34698

Романија

20000

26124

Полска

17284

43521

Белгија

14600

17635

Австрија

14307

16289

Холандија

13500

16511

Португалија

7171

18117

Финска

4500

11222

Словенија

2890

8950

Хрватска

500

ВКУПНО (ЕУ + В. Брит.)
1110107
1231038

 

Претходна објаваGeneral Motors: Од производство на автомобили до маски за една недела
Следна објаваХо-сунг Сонг е новиот претседател на корпорацијата Kia Motors

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here