По престанокот на производството на кабриолет изведбите од Golf и Beetle, стана мноту потивко во некогашната фабрика на Karmann, а денешна фабрика на Volkswagen во Оснабрик. Наскоро ќе продолжи традицијата на производство на кабриолети во оваа фабрика, таму стаартува T-Roc Cabriolet.
Многу историја има во фабриката на Volkswagen во Оснабрик. Вилхелм Карман во 1913 година го регистрирал својот прв патент, којшто ќе овозможи малата работилница понатаму да се развие во фабрика од светски ранг. Патентот се однесува на „Механика за преклоплив покрив“. Овој изум на германскиот инженер ќе предизвика целосна револуција во производството на кабриолети.
По втората светска војна, Вилхелм Карман Сениор и Јуниор започнуваат соработка со фабриката на Volkswagen во Волфсбург. Од соработката произлезе автомобилот што историјата ќе го помни уште долго. Фирмата Karmann ја разви кабриолет изведбата од бубата и потоа ја произведуваше во Оснабрик во периодот од 1949 до 1980 година.
До 10-ти јануари 1980 година, од фабричките хали излегоа 331.847 примероци од бубата со „платнена капа“. Потоа следеа четирите генерации на Golf Cabriolet, до 2016 година
Во периодот меѓу 2001 и 2009 година, Karmann ја изгуби ликвидноста и ги менуваше сопствениците. На 23-ти јуни 2009 година, од производствените хали излезе последниот вистински Karmann. Во декември истата година, концернот Volkswagen ја презеде компанијата под својот покрив, преземајќи ја и нејзината компетентност во развојот и производство на кабриолети.
По заминувањето на последната буба со платнен покрив лани, во Оснабрик наскоро започнува производството на единствениот модел на Volkswagen без покрив, T-Roc Cabriolet
Покривот на кросоверот T-Roc се спушта за девет секунди. Тоа може да се изврши и при возење, до брзина од 30 km/h. За компетентноста на фабриката во Оснабрик говори фактот што во платнениот покрив се изведени дополнителни канали кои ја собираат водата при дожд. Тоа е резулатот од повеќе од 100 години искуство во конструирањето и производството на платнени покриви.
Моментно во Оснабрик се одвива пробното производство на T-Roc Cabriolet. Во една смена се изработуваат по 50 примероци. Во следните недели постепено ќе се зголемува продукцијата. Целта е во една смена да се произведуваат двојно повеќе примероци од уникатниот кабриолет.
https://www.instagram.com/p/B9Kn14LHQi3/
















