Тркачката патека е вистинскиот терен за Mercedes-AMG GLE 63 Coupe

Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020
Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020

Купе-изведбата од GLE е безбеден, комфорен и стилски сигурен автомобил со знакот на Mercedes. И потоа следи ова: Купе-изведбата од GLE, со знакот на AMG и подигната на „63-ти степен“ е еден од најбрзите автомобили, за коишто повеќето намерници мора да се подигнат на прсти за да му погледнат над покривот.

Дивиот“ огранок на Mercedes со седиште во Афалтербах го претстави AMG GLE 63 4Matic+ Coupe. Најразлични автомобили се кријат во овој AMG. Прво, под хаубата работи 4,0 V8 со битурбо натполнење и 571 КС, односно 612 КС во изведбата S. Но, GLE 63 е во исто време и хибрид, иако благ хибрид. Мрежа со напон од 48-волти и стартер-генератор со моќност од 22 КС се грижат брзиот СУВ да биде и покоректен кон животната средина.

Пневматската амортизација AMG Ride Control+ исто така има неколку различни карактери, способна да понуди комфорно возење при долги патувања, но и безпоштедна цврстина при посета на тркачка патека. Мрежата од 48 волти воедно се грижи и за екстра функции во подвозјето, како фамозниот AMG Active Ride Control, коишто станаа достапни со четирипати повисокиот работен напон.

https://photos.app.goo.gl/9Ui5Z9jwtk4jCKRj9

Печатот на AMG во надворешниот изглед веднаш се забележува по хромираната маска или по предниот браник со таканаречениот Jet-Wing-дизајн, со црни отвори за воздух. Доколку останува сомнеж, тука се моќните куполи на хаубата да покажат дека станува збор за AMG-изведбата на GLE.

Страничните прагови и лакираните проширувања на крилата дополнително ја нагласуваат силуетата на купе. AMG 63 стандардно доаѓа со бандажи од 21 инчи, додека S-изведбата меѓу другото добива и за уште еден инч повисоки бандажи.

https://photos.app.goo.gl/BuvQGAuz3y4u7T686

Од богатиот список на опции може да се избере и т.н. ноќен пакет, со затемнети стакла, со сплитер напред и дополнителни детали во предниот и задниот браник, во капите на ретровизорите и во рамката на прозорците.

Во внатрешноста, средишната конзола исто така носи печат на AMG, со специфичниот контролер и со дополнителните прекинувачи, за ракување со 3-степениот ESP, со мануелниот режим на менувачот, со приспособливата амортизација, со опционалниот издув и со висината на возилото.

Стартер-генераторот со 22 КС и вртежен момент од 250 њутнметри е вграден меѓу моторот и менувачот, и активен е при поаѓање, но може да интервенира дополнително и при забрзување – екстра 250 Nm секогаш се добредојдени. Тој воедно ја напојува и 48-волтната мрежа.

https://photos.app.goo.gl/Bwz4E4rwgziQEjdY7

Осумцилиндрецот ги исклучува вториот, третиот, петтиот и осмиот цилиндар при слабо оптоварување на моторот, постигнувајќи поштедлива работа. Електрониката може да реши околу гаснењето на цилиндрите во широк дијапазон од 1.000 до 3.250/min, кога е избрана програмата Comfort.

За најголемите пазари на GLE 63 сведочи програмата за возење по песок, една од вкупно седумте, покрај тркачката и програмата за влечење приколка. Во неа се подигнува каросеријата, а подвозјето и погонот на сите тркала се приспособуваат за возење, на пример, по песочни дини.

Со огромен предизвик се соочуваат сопирачките. Во предните дискови со пречник од 400 милиметри и 38 милиметри дебелина „гризаат“ 6-клипни сопирачки клешти. Назад, димензиите се 370х22 милиметри. S-варијантата на GLE 63 се распознава и по црвените сопирачки клешти.

Технички податоци

 

Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé

Мотор

4,0-литарски V8 битурбо, интегриран стартер-генератор EQ Boost

Зафатнина

3.982 cm3

Моќност

450 kW (612 КС) при 5.750-6.500/min

+ 16 kW (22 КС) од EQ Boost

Вртежен момент

850 Nm при 2.500-4.500/min

Погон

Погон на сите тркала AMG Performance 4MATIC+ со варијабилна распределба

Менувач

AMG SPEEDSHIFT TCT 9G

Потрошувачка, просек

11,5 l/100 km

Емисија CO2

263 g/km

Забрзување 0-100 km/h

3,8 s

Крајна брзина

280 km/h

https://www.instagram.com/p/B8y1OIKn8xm/

Претходна објаваВикендов почнува втората сезона на Twingo Cup
Следна објаваТуристичката класа ќе вози под напон од 2021 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here