за

Туристичката класа ќе вози под напон од 2021 година

Pure ETCR najava
Pure ETCR najava

Во Париз е претставена новата тркачка серија со електрични возила ETCR. Во јули започнува промотивната тура, за в година да следи и стартот на електричната „туристичка класа“.

Натпреварувачкиот концепт на новата серија што се официјално се води како „Pure ETCR“ е различен од класичната шема на одржување кружни трки. Место тоа, возачите ќе се соочуваат во групи од по четворица, во таканаречени „Battles“. Победничкиот возач во една тура ќе добие најмногу бодови. Во викендите ќе се возат по три тури, по што четворицата најдобри возачи ќе се борат во завршна трка за место на победничкиот пиедестал.

Во возилата за ETCR ќе се вградува батерија од Williams, додека гумите ќе ги испорачува Goodyear. Големината на батеријата изнесува 62 киловатчасови. Според официјалните податоци, тоа е доволно за времетраењето на трката од 21 минути. Во тоа се вклучени и четири користења на функцијата „Push-to-Pass“.

Батеријата се полни за еден час, краткотрајно може да се постигне моќност од 680 КС

Батеријата се полни од десет до 90% за еден час. Трајната моќност на тркачките болиди во ETCR изнесува 408 КС или 300 киловати. Со краткотрајно зголемување на моќноста (Push-to-Pass) се добиваат 680 КС, односно 500 киловати. Силата од електромоторот се пренесува на задната оска.

Првото претставување на серијата на големата сцена ќе биде на прочуениот Фестивал на брзината во Гудвуд, од 9-ти до 12-ти јули. Промотивната тура продолжува во Копенхаген, на австрискиот Залцбургринг и во Инџеужна Кореја), кадешто ќе се вози во рамките на серијата WTCR, како и во Гуангдонг, Кина. Потоа следи настап за време на 24-часовната трка во Дајтона/САД, на 30-ти јануари 2021 година.

Организаторите очекуваат за серијата да бидат пријавени 18 возачи. Календарот предвидува осум трки, од кои четири ќе се возат во Европа. Од 2022 година, сезоната ќе се прошири со уште две трки.

Организатор е Eurosport Events, истиот што стои зад WTCR. Две автомобилски марки досега развија болиди за ECTR, тоа се Cupra и Hyundai.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020

Тркачката патека е вистинскиот терен за Mercedes-AMG GLE 63 Coupe

Ласери ги мерат издувните гасови во Франкфурт

Ласери ги мерат издувните гасови во Франкфурт