Audi обезбеди 100 примероци од електричниот e-tron за Светскиот економски форум во Давос. За полнењето на батеријата на овие моќни автомобили да не ја преоптовари скромната локална мрежа, Audi буквално ја донесува струјата во контејнери, произведена строго во хидроцентрали.
Марката со четирите прстени и годинава е задолжена за возниот парк за Светскиот економски форум во Давос. Девет од секои десет автомобили што ќе се користат за време на важниот собир во светски рамки користат електричен погон. Организацијата на форумот во Давос става посебен нагласок на одржливоста и грижата за животната средина.
Осмислен е посебен концепт за полнењето на батеријата на електричните Audi e-tron. За таа цел се користат три подвижни станици за полнење, коишто се состојат од по четири стари батерии од Audi e-tron, со капацитет што се намалил под 70% при користењето со текот на годините. Овие преносни станици „содржат“ струја произведена од обновливи извори.
Покрај електричниот Audi e-tron, за Форумот се испорачани и повеќе примероци од знаменосецот A8 со плагин-хибриден погон.
Подвижните станици за полнење со вкупен капацитет од околу 1,0 MWh ја испорачуват вкупната моќност од 700 киловати до три полначи со по 150 киловати. Целта е на овој начин да се намали оптоварувањето на локалната електрична мрежа во времето на одржување на состаноците, кога е воедно и најголема потрошувачката на струја. Трите подвижни станици акумулираат електрична енергија што 100% потекнува од локалните хидроелектрани.
Audi ќе го користи принципот со подвижни станици за полнење и за време на светскиот скијачки куп во Кицбил на 24-ти јануари. Место од цели батерии од e-tron, подвижните станици таму ќе се состојат од 400 одделни батериски модули, што одговара на околу 11 комплетни батерии. Со вкупна моќност од 1,2 мегават и капацитет од 1,0 мегаватчас, на овие полначи ќе може истовремено да се приклучат до осум Audi e-tron. Тоа функционира целосно независно од локалната електрична мрежа.
https://photos.app.goo.gl/p5DeqSxXbF6zMhpW9
На овие деветметарски контејнери (30 стапки) се наоѓаат 20 приклучоци за полнење. Осум од нив се наменети за брзо полнење со моќност од по 150 киловати, додека на преостанатите 12 приклучоци стојат на располагање 11 киловати. По потреба, осумте брзи полначи може да се поврзат во четири приклучоци со по 300 киловати. На тој начин ќе се овозможи идниот Audi e-tron GT да ја наполни батеријата во целост за само 20 минути, користејќи 800-волтна технологија на полнење.
Audi планира повеќе од 20 примени на подвижните станици за полнење во 2020 година, меѓу другото и на трката во Формула Е во Рим.
https://www.instagram.com/p/B7jIb6ED8vR/
















