за

Трамп се заканува со повисоки царини за автомобили од ЕУ

трамп давос
трамп давос

Во случај да не се потпише трговска спогодба меѓу ЕУ и САД, американскиот претседател Доналд Трамп најавува дека „многу сериозно“ ќе размисли за повисоки царини за автомобилите од Европа.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ѝ се заканува на Европската Унија дека ќе воведе казнени царини за увоз на автомобили. Доколку ЕУ и САД не постигнат спогодба за трговија, Трамп за време на одржувањето на годишниот собир на светскиот економски форум во Давос најави дека „многу сериозно“ ќе размисли за зголемување на увозните царини.

Трамп претходно разговараше со претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен. Белата Куќа соопшти дека САД се надеваат на постигнување трговска спогодба во видно време. Соединетите Држави и Европската Унија се важни трговски партнери. Во 2018 година беше реализирана трговска размена од близу 1,3 билион американски долари.

ЕУ не го „дава“ земјоделството, САД не ги препуштаат јавните тендери

Мали се изгледите за потпишување сеопфатна нова трговска спогодба, затоа што двете страни сакаат од неа да бидат исклучени одредени стопански подрачја. ЕУ сака да го заштити своето земјоделско производство, додека САД не сакаат да го ослободат пазарот за јавни тендери.

Владата на САД уште лани ѝ се закани на ЕУ дека ќе воведе казнени царини за увозот на автомобили од Европа, во висина од 25 проценти. На Трамп не му се допаѓа тоа што во САД се увезуваат многу повеќе автомобили од ЕУ, отколку обратно. Царините најмногу ќе ги погодат германските производители на автомобили. ЕУ најави дека при воведување на казнени царини исто така ќе одговори со зголемување на увозните давачки. Тоа би можело да доведе до трговска војна меѓу двата економски гиганти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron forum davos

Светските лидери ќе се возат во електричен Audi во Давос

Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот

Ferrari повторно прогласен за најмоќна марка во светот