Едни протестираат, други поздравуваат за фабриката на Tesla во Берлин

протести тесла фабрика гринхајде
протести тесла фабрика гринхајде

Комична ситуација претпладнево во општината кадешто ќе се гради фабриката на Tesla во Германија. Две групи со спротивни ставови одржуваа собири истовремено во местото во близина на Берлин. Едните се против изградбата, другите за неа. Има и полициски извештај.

Во гратчето Гринхајде денес се оддржуваа протести против изградбата на фабриката на Tesla. Во исто време се случуваше и противдемонстрација во знак на поддршка на американскиот производител на електрични автомобили.

Според полицискиот извештај, на протестот против најавената изградба на фабрика на Tesla учествувале околу 200 лица. На нивните плакати било испишано: „Не сакаме голема фабрика во шумата“ и „Преговарано тајно, шумата продадена“. Жителите во општината во чиешто подрачје ќе се гради, реагираат заради уништувањето на шумата и подигнувањето фабрички хали на тоа место.

Напишано на плакатите: „Илон, јас сакам автомобил од тебе“

На други протести што се одржуваа во исто време, околу 30 лица искажувале поддршка за фабриката. Нивните пораки: „Илон, јас сакам автомобил од тебе“ или „Создавај, не спречувај.“ Според организаторот, на протестите учествувале 50 лица, вклучувајќи и семејства со деца. Некои од жителите во Гринхајде пристигале и со сопствениот автомобил Tesla.

https://www.instagram.com/p/B7d5d8iigU_/

Секако дека настанот доживеал кулминација кога колоната со противници на Tesla минала покрај подржувачите на фабриката. Следело вербално спротивставување, но само кусо. Секако дека не отсуствувале и псовки, од обете страни. Полицијата го обезбедувала настанот и спречила тензиите да продолжат и евентуално да се разгорат.

Противниците за изградба на фабрика ќе продолжат со протести и во следните денови, вклучувајќи прошетка низ шумата. Подржувачите, пак, нема да организираат натамошни собири, затоа што имале цел да дадат порака за добредојде за производителот на електрични автомобили.

https://twitter.com/StatsTesla/status/1218548423567314944

https://www.instagram.com/p/B7dlGd1gQBY/

Претходна објаваMaserati со кралски третман: Серија Royale во само 100 примероци
Следна објаваToyota ќе произведува резервни делови за старите генерации на Supra

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here