Новата генерација на Ford Puma ја освои највисоката награда во изборот на британскиот What Car за 2020 година. Се гласаше во 26 категории, најтрофејни меѓу марките се Audi, BMW и Skoda. Годинава беа додадени три нови категории, меѓу нив и две за електрични автомобили.
Британскиот магазин What Car? ја прогласи новата Ford Puma за автомобил на 2020 година, на 43-то издание на изборот што ужива највисоко реноме меѓу публиката и меѓу производителите на автомобили.
По 20 години откако последен пат се користеше моделското име во понудата на Ford, новата Puma ја освои највисоката награда во категоријата на малечки СУВ-модели, натпреварувајќи се против Audi Q2 и Skoda Kamiq.
Во борбата за титулата, меѓу другите учествуваа и Skoda Scala, Range Rover Evoque и Tesla Model 3, како пример за разновидноста на автомобилите што беа лансирани во последните 12 месеци.
Жирито посебни ги цени возачкото уживање во Puma, интелигентниот концепт и добрата цена. Покрај тоа, тестирањето на потрошувачката на гориво во реални услови покажа дека моделот е исклучително штедлив, благодарение на погонската технологија со благ хибрид.

Ford шести пат ја освојува највисоката награда во изборот за автомобил на годината на What Car. Последен пат тоа се случило уште во 2009 година, со победата на Ford Fiesta.
Три нови категории беа воведени во изборот за 2020, во чекор со растечката продажба на електричните возила: Малечки и големи електрични автомобили, како и купе-СУВ. Победата во овие категории им припадна на Renault Zoe, Tesla Model 3 и Range Rover Velar.
Најмногу победи постигна BMW, со титулата на најдобар автомобил во бизнис класата за серијата 3, како и најдобар плагин-хибрид и најбезбеден модел, додека поголемата серија 5 победи меѓу луксузните автомобили.
Audi и Skoda исто така освоија повеќе награди, со титулата на најдобар семеен автомобил за Skoda Scala и најдобар комби за Skoda Superb. Audi победи како најдобар луксузен СУВ со Q7, најдобро купе беше TT.
Победници во изборот на What Car за автомобил на 2020 година
Автомобил на 2020 година · Ford Puma
Најдобар автомобил со високи перформанси · Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio
Најдобар спортски автомобил · Alpine A110 Pure
Најдобар луксузен СУВ · Audi Q7
Најдобро купе · Audi TT
Најдобар плагин-хибрид · BMW серија 3
Најдобар автомобил во бизнис класата · BMW серија 3
Најдобар луксузен автомобил · BMW серија 5
Најдобар повеќенаменски ван · Citroën Berlingo
Најдобар малечок СУВ · Ford Puma
Најдобра спортска комбилимузина · Honda Civic Type R GT
Најдобра противвредност · Kia Picanto
Најдобар семеен СУВ · Range Rover Evoque
Најдобар купе-СУВ · Range Rover Velar
Најдобар кабриолет · Mercedes Benz S-Class
Најдобар голем СУВ · Peugeot 5008
Најдобар спортски СУВ · Porsche Macan S
Најдобар малечок електричен автомобил · Renault Zoe
Најдобар семеен автомобил · Skoda Scala
Најдобро комби · Skoda Superb
Најдобар голем електричен автомобил · Tesla Model 3
Најдобар хибрид · Toyota Corolla
Најдобар малечок автомобил · Volkswagen Polo
Најдобар пикап · Volkswagen Amarok
Најбезбеден автомобил · BMW серија 3
Најмногуи гласови од читатели · Land Rover Defender
Награда за издржливост · Lexus
Награда за технологија · Subaru
















