Volkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина

Volkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина
Volkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина

Volkswagen најави отворање центар за истражување и развој на технологија за автономно возење во Калифорнија. Центарот ќе биде дел од глобалната мрежа за автопилотски системи, коишто ќе се вградуваат во сите марки на концернот, за сите пазари.

На саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, Volkswagen го најави отворањето на нов центар за истражување и развој на технологија на автопилотирани возила. Центарот ќе работи во рамките на инженерскиот комплекс на американскиот огранок на групацијата Volkswagen, којшто се наоѓа во Белмонт, на периферијата на Сан Франциско, односно во Силиконската Долина.

Во новиот центар уште годинава ќе почнат да работат 50 до 100 експерти за системска техника и системска архитектура. Компанијата што официјално се води како Volkswagen Autonomy, има за цел до средината на новата декада да развие системи за автопилотирано возење до сериска зрелост.

Volkswagen Autonomy моментно има канцеларии во Волфсбург и Минхен. По новиот центар во Калифорија, наскоро ќе се придружи и работната единица во Кина. Четирите центри ќе соработуваат во подрачјето на автономното возење и координирано ќе ја развиваат и усовршуваат технологијата.

Концернот планира првите автопилоти да ги вградува во доставните возила, односно од страна на компаниите што возилата ги користат во професионални цели. Притоа се мисли првенствено на автономни такси возила или роботска достава, како што воедно беше најавено со концептите со електричен погон ID.Buzz и ID.Buzz Cargo.

Претходна објаваТеренецот Cullinan му донесе историски рекорд на Rolls-Royce
Следна објаваНовото годиште на Mitsubishi ASX стартува со продажба во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here