Теренецот Cullinan му донесе историски рекорд на Rolls-Royce

Rolls-Royce Cullinan Otvos

Продажба зголемена за една четвртина, историски рекорд и сето тоа благодарение на еден модел, Cullinan. Rolls-Royce лани испорачал 5.152 автомобили во повеќе од 50 држави ширум светот.

Rolls-Royce лани постигна рекорден број на испораки на возила. Марката што тврди дека ги произведува најдобрите автомобили во светот, лани испорачала 5.152 автомобили во повеќе од 50 држави. Во историјата што трае 116-години, Rolls-Royce досега нема продадено повеќе од тоа. Растот изнесува 25% во споредба со преклани. Дополнителната заработка ја усреќува и групацијата BMW, кадешто припаѓа британската марка.

Најголем пазар остануваат САД, кадешто се испорачува една третина од продукцијата, следат Кина и Европа. По одделни држави, продажбата напредувала најдобро во Русија, Сингапур, Јапонија, Австралија, Катар и Кореја. Дилерската мрежа на Rolls-Royce се состои од 135 центри во светски рамки. Двата нови дилери во 2019 година се во Бризбејн/Австралија и во Шангај/Кина.

Во главниот салон на марката во Лондон, на Беркли Стрит, моментно се работи на проширување на објектот. Кога ќе завршат работите кон крајот на годинава, најпрестижниот салон на Rolls-Royce ќе има двојно поголема површина од досега.

Најпродаван модел e Phantom, но добро напредува и продажбата на Dawn и Wraith, исто како и на „спортските“ варијанти коишто се водат под Black Badge. Луксузниот Cullinan лани ја имаше првата цела година во продажба и ги надмина сите очекувања, стекнувајќи ја титулата на „најбрзо продаван“ нов модел на Rolls-Royce во историјата.

По 11 години, лани заврши производството на Ghost, кој е најпродаван модел во историјата на Rolls-Royce. Успехот на овој модел обезбеди дополнителен приход во Гудвуд, што понатаму водеше кон проширување на моделската понуда. Наследникот на Ghost се очекува во средината на 2020, по пет години минати во развој.

Најблискиот салон на Rolls-Royce до нас е во Истанбул, Турција

https://www.instagram.com/p/B6f9vV_B3OG/

https://www.instagram.com/p/B5aIUCYA2YC/

Претходна објаваНајбезбедни автомобили на краш-тестовите на Euro NCAP
Следна објаваVolkswagen ќе развива автопилоти во Силиконската Долина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here