Штитниците за сонце стануваат дигитални и проѕирни

bosch виртуелен штитник за сонце 1
bosch виртуелен штитник за сонце 1

Штитниците за сонце во автомобилот постојат „сто години“ и одземаат повеќе од половина од видното поле кога ќе се спуштат. Тоа може да се смени во иднина, со проѕирни панели што по дигитален пат се затемнуваат само во мал дел, за да спречат заслепување на возачот.

Тие се едни од деловите во кабината на автомобилите што се заборавени со времето и изгледаат исто како пред 100 години. Тое се штитниците за сонце, за кои малкумина помислиле дека може нешто да се направи подобро. Според статистиката, незгодите од заслепување од сонце се двапати почести од возење во магла, на мраз и слично.

Проблемот кај штитниците за сонце е во тоа што покриваат повеќе од половина од видното поле кога ќе се спуштат. Тие може во иднина да се заменат со дигитални штитници. Добавувачот и иноватор Bosch работи на тоа. Станува збор за проѕирен дисплеј со течни кристали, заедно со камера што е насочена кон возачот. Посебен софтвер прави на дисплејот да се затемни само мал дел што ги блокира зраците кои би го заслепиле возачот. Најголемиот дел од дисплејот, односно „штитникот“ останува проѕирен, без да се попречува видното поле.

https://photos.app.goo.gl/4QWvB4ANqxcTaq7e9

Виртуелниот штитник деновиве доживеа премиера на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. Жири составени од дизајнери, инженери и специјализирани новинари веќе доделија награда за „најдобар изум“, што е најпрестижна награда на саемот, во категоријата на забавни и безбедносни системи во автомобилите. Дигиталниот штитник доби посебна награда и во севкупното оценување.

Уште е рано да се зборува за датум на отпочнување со сериското производство, што зависи првенствено од тоа каков интерес за изумот ќе покажат производителите на автомобили.

Претходна објаваKia со рекордна продажба во Германија, близу 70.000 возила
Следна објаваСо погон 4х4, гени од рели и 272 КС: Toyota Yaris GR, што направи од себе?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here