за

Kia со рекордна продажба во Германија, близу 70.000 возила

Kia XCeed
Kia XCeed

Со 69.608 продадени автомобили лани, Kia ја имаше петтата рекордна година во континуитет во Германија, најголемиот пазар за автомобили во Европа. Само компактот Ceed учествува со повеќе од 21.000 продадени примероци, што е уште еден рекорд.

Лани Kia продаде на германскиот пазар повеќе автомобили од кога било. Со 69.608 возила, продажбата постигна зголемување од 5,8 проценти во споредба со преклани. Тоа е петта година по ред, како што марката бележи рекорди на германскиот пазар. Уделот на Kia во вкупната продажба во земјата достигна 1,9 процент.

Во споредба со 2010 година, продажбата на Kia се зголемила речиси двојно (+90,1%). Најголема заслуга за растот има семејството модели од компакт класата, вклучувајќи го спортското комби ProCeed и кросоверот XCeed, чијашто продажба таму стартуваше во септември. Заедно со комбилимузината Ceed и со комбито Sportswagon, четирите моделски изведби се продале во вкупно 21.473 примероци. Тоа е двојно повеќе отколку преклани, кога биле продадени 10.764 примероци. Со тоа е поставен и нов рекорд за најпродаван модел на Kia за една година: Првата генерација на Ceed во 2009 година се продала во 20.383 примероци во Германија.

Со овие продажни бројки, Ceed го престигна Sportage, кој беше бестселер неколку години наназад. Компактниот СУВ лани бил втор најпродаван модел на Kia, со 12.297 примероци, пред Picanto (8.980 возила), кросоверот Stonic и комбилимузината Rio (6.906, односно 4.555 возила), како и компактниот кросовер Niro, кој е достапен во три погонски изведби, со електричен, хибриден и плагин хибриден погон. Тој се продал во 4.014 примероци.

Kia победувала 29 пати на споредбените тестови во Германија, има и Златен Волан за XCeed

На споредбените тестови во специјализираните германски медиуми, моделите на Kia лани победувале 29 пати, спротивставувајќи им се и на модели од германските премиум марки. Kia XCeed ја понесе и наградатаЗлатен Волан 2019″, во категоријата за најдобар автомобил со цена до 35.000 евра.

Kia Motors стартуваше со продажба на германскиот пазар во 1993 година. Во Франкфурт се наоѓа и европската централа, Kia Motors Europe, којашто е надлежна за продажбата и маркетингот во триесетина европски држави, вклучувајќи ја и Македонија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sono motors sion 50 mio

„Соларната“ кола поблиску до старт, обезбедени уште 10 мил. евра

bosch виртуелен штитник за сонце 1

Штитниците за сонце стануваат дигитални и проѕирни