„Соларната“ кола поблиску до старт, обезбедени уште 10 мил. евра

sono motors sion 50 mio
sono motors sion 50 mio

Инвеститорите додадоа уште десет милиони евра во стартап-компанијата Sono Motors. Досега постоеше голема неизвесност околу реализацијата на проектот. Според фирмата од Минхен, досега има повеќе од 10.000 нарачки за електричниот автомобил што дополнително има соларни колектори.

Минхенската стартап-компанија Sono Motors за малку се извлече од неуспех. Инвеститорите кусо пред истекот на рокот додадоа одеднаш десет милиони евра. Целта на проектот и воедно услов за негова реализација беше да се обезбедат 50 милиони евра, преку таканаречено вложување од топла, односно Crowdfunding. Досега се обезбедени 44 милиони евра, што значи остануваат уште шест.

Sono Motors ја започна кампањата во почетокот на декември. Бидејќи до крајот на годината пристигнаа само 33 милиони евра, компанијата ја продолжи кампањата за уште три недели. Нови десет милиони евра пристигнаа практично на првиот ден од продолжетокот на кампањата.

Основачите се надеваат дека нивниот Sion ќе доживее сериско производство

Кампањања беше неопходна, затоа што Sono Motors ги прекина преговорите со класичните инвеститори. Според тогашното соопштение, причина за прекинот беше тоа што основачите на Sono Motors ценеа дека нивните интереси се во чиста спротивност со интересите на инвеститорите.

Надежите се враќаат. Целта од 50 милиони евра е достижна, „доколку сите заеднички ги мобилизираме своите сили“, пишува во новото соопштение од компанијата.

Sono Motors е компанијата што стои зад електричниот автомобил Sion. Каросеријата на овој ван во одреден дел е обложена со соларни панели, кои обезбедуваат електрична енергија за околу дваесетина километри, доколку возилото мирува цел ден на сонце.

Возилото е замислено како дел од carsharing, односно јавно достапен возен парк, по пример на Car2go – или најблизу, Spark во Софија. Идејата е сопствениците по користењето на возилото да го стават истото на располагање преку мобилна апликација, за други корисници да го возат и да платат за тоа.

Почетокот на сериското производство е одложен за крајот на 2021 година. Производствoто на Sion треба да се одвива во поранешната фабрика на Saab, во шведскиот Тролхетен, којашто моментно е во сопственост на Nevs.

https://www.instagram.com/p/B6QAjM6i780/

Претходна објаваAudi ја зголеми продажбата лани, Q3 и e-tron главни во Европа
Следна објаваKia со рекордна продажба во Германија, близу 70.000 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here