Производителите на автомобили се шампиони во рециклирање

bmw i3
bmw i3

Облоги на седишта од стари пластични шишиња, средишна конзола од пластика извлечена од морињата, а куќиште на светлата од лушпа од зрна кафе. Рециклираните материјали се користат масовно во автомобилската индустрија. Тоа е висока технологија, животната средина има многукратна корист.

Еден автомобил се состои од околу 10.000 единечни делови, односно повеќе или помалку од тоа, зависно од класата на возилото. Материјалите се метал, пластика, дрво, кожа, платно, гума и стакло, во последно време и карбон. Но, производителите на автомобили веќе со години масовно користат и рециклирани материјали.

Користењето стар метал во производството на челик е веќе класика. Голем напредок е постигнат во примената на вештачки материјали, кои обично се водат заеднички како пластика. Ајмногу внимание се посветува на рециклирањето на шишиња од полиетилентерефталат – кусо ПЕТ. Opel, на пример, одамна ги користи капачињата од шишињата и ги преработува во гранулат, од когошто понатаму се изработуваат нови делови од пластика.

Преку напредна технологија и обемни истражувања се постигнува рециклираните материјали да поседуваат исти, а неретко и подобри својства отколку обичните материјали

Пластичните шишиња исто така се одличен материјал. Тие се ситнат, се сушат, се топат и на крај се извлекуваат во конци. Од нив може да се изработуваат најразлични видови текстил. Квалитетот на овие материјали дозволува и премиум марката BMW да ги користи како облоги за седиштата во електричните BMW i3 и i8. Тоа им значи и на возачите на овие модели, кои по правило ѝ придаваат големо значење на заштитата на животната средина. По возило се користи материјал од околу 50 шишиња.

Средишната конзола во електричниот кросовер Mazda MX-30 е обложена со плута што останува по изработката на затки

https://photos.app.goo.gl/73iDNV2XuiwAnHjZ8

Mazda ги изработува облогите во вратите на новиот електро-кросовер MX-30 од ваков материјал, а Ford исто така има долго искуство во рециклирањето на ПЕТ-материјали. Од нив се изработува, на пример, изолацијата, но тие се користат и за видливи делови во кокпитот. Ford експериментираше и со стар џинс, користејќи го памукот за облогите во вратите и за седиштата.

И Volvo има амбициозни планови за иднината. По 2025 година, една четвртина од пластиката што Швеѓаните ќе ја вградуваат во своите автомобили ќе потекнува од рециклирани суровини. Студија на XC60 што беше прикажана за време на регатата Volvo Ocean Race поседуваше средишна конзола од пластика извлечена од морињата, како и од стари рибарски мрежи. Патосниците и облогите на седиштата во студијата на Volvo исто така потекнуваат од ПЕТ-амбалажа и од стари памучни материјали, додека од стари седишта е произведен нов изолациски материјал за кошот на моторот.

https://photos.app.goo.gl/jAVB5C2SpQNkBUS4A

Ford неодамна откри уште еден „извор“. Лушпите што остануваат по печењето зрна кафе, во иднина ќе се мешаат со пластика и од тоа ќе се добива материјал што е за 20% полесен од другите материјали со слични својства, а воедно ќе се троши и четвртина помалку енергија при производството. Овој материјал може да се користи, на пример, за куќиштето на светлата. На тој начин ќе се искористат огромни количини лушпа од кафе што Мекдоналдс досега ја отстрануваше во отпад.

Во внатрешноста на Mazda MX-30 на повеќе места се користи плута, како украсен материјал. Тоа се остатоци што произлегуваат при изработката на плутени затки за шишиња, буриња и слично. Volkswagen, пак, изработува поткрила и заштита за подот од коноп.

Кенафот одговара како суровина, затоа што потекнува од обновливи извори, а располага со својства што се дури и подобри од обичните материјали

https://photos.app.goo.gl/TUH2iMWP2Nf85NCd7

Во подрачјата коишто влијаат директно врз безбедноста, производителите сепак користат вообичаени материјали. Тоа важи за пластичните облоги врз воздушните перници, за коишто не се користат рециклирани материјали, затоа што не може 100% да се гарантираат идентични својства при секоја наредна испорака на појдовниот материјал. Покрај тоа, при изрботката на одреден дел од рециклирани материјали секогаш мора да се гарантира дека материјалот ќе стои на располагање во целиот период на производство.

Не рециклираат само производителите на автомобили, туку се работи и во секторот на погонските горива. OMV неодамна објави дека успеал од 100 килограми отпадна пластика да произведе 100 литри нерафинирана нафта, по пат на пиролиза. Но, овој процес уште долго време ќе биде неисплатлив, затоа што е потребно многу енергија и минимални се шансите за индустриско производство.

https://photos.app.goo.gl/WsrqKATcXa73PLjs9

Претходна објаваФабриката на Ford во Зарлуи го произведе 15-милионитиот автомобил
Следна објаваLamborghini ги претвора божикните бајки во реалност

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here