за

Lamborghini ги претвора божикните бајки во реалност

Lamborghini ги претвора божикните бајки во реалност
Lamborghini ги претвора божикните бајки во реалност

Lamborghini за Божик им приредува убави изненадувања на своите најголеми фанови и го овековечува нивниот ентузијазам со видео што постигнува милионска гледаност. За претстојниот католички Божик, италијанската марка претвори уште една бајка во реалност.

Спортската марка од Сант Агата Болоњезе, којашто се појавува во многу детски и не само детскки соништа, го објави новото божикно видео што сведочи за уште една голема љубов кон марката Lamborghini. Видеото ја раскажува вистинската приказна за Стерлинг Бакус и за неговиот 12-годишен син Ксандер. Речиси две години, тие изработуваат реплика на Aventador SV во нивната гаража во Ери, Колорадо, користејќи техника на 3D-печатење.

Само неколку денови пред католичкиот Божик, таткото и синот доживеаја големо изненадување кога по отворањето на вратат од гаражата, пред нив се покажал вистински, црн Aventador S на местото на нивната трпеливо изработувана реплика. Lamborghini го ценеше трудот на американскиот татко и на неговиот син како вистински ентузијазам и соодветно го награди тоа. Стерлинг и Ксандер добија во деновите околу Божик да се радуваат на брзиот и моќен автомобил, уживајќи во единственото чувство што го нуди марката Lamborghini.

Ланското видео постигна 24 милиони прегледи на профилите на Lamborghini на социјалните медиуми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i3

Производителите на автомобили се шампиони во рециклирање

Половина милион автомобили на BMW возат на струја

Половина милион автомобили на BMW возат на струја