за

Половина милион автомобили на BMW возат на струја

Половина милион автомобили на BMW возат на струја
Половина милион автомобили на BMW возат на струја

Ветено сторено. Групацијата BMW испорача половина милион плагин-хибриди и чисто електрични возила до почетокот на новата деценија. Следниот праг е вкупно еден милион електромобили до крајот на 2021 година. Веќе в година пристига X3 со погон на струја.

Раното и масивно вложувaње во подмарката BMW i, заедно со префрлувањето на технологијата оттаму во плагин-хибридните изведби од класичните моделски серии на BMW, покажа ефект. Групацијата од Минхен досега има испорачано половина милион автомобили со електрифицирана погонска спрега. Славеничкиот автомобил за одбележување на овој, несомнено потфат, е плагин-хибриден BMW 330e, којшто беше свечено предаден на сопственикот во BMW Welt, во „светот“ на марката.

В година следи уште еден голем момент за погонот на струја во BMW. Модел на баварската марка првпат ќе биде достапен во четири различни погонски варијанти: Како штедлив дизел, како бензинец, како плагин-хибрид и како електромобил. Станува збор за X3, чијашто електрична изведба соодветно ќе биде означена iX3.

BMW X3 ќе биде првиот автомобил од групацијата што ќе се нуди со четири видови на погон

Електричниот X3 ќе се произведува во Кина и оттаму ќе се испорачува за светскиот пазар. Чекорот е сосем в ред, кога ќе се има предвид дека кинескиот пазар е сепак најголем пазар за електрични автомобили во светот. Тоа ќе биде прв модел на баварците што ќе користи електричен погон од петтата генерација. Како што најавуваат од Минхен, новата генерација се одликува со зголемена енергетска густина на батеријата, односно одреден капацитет се постигнува со помала батерија.

bmw ix3, bmw i4, bmw inext arjeplog test

Во 2021 година се очекува BMW iNext, како технолошки знаменосец на марката во поглед на електромобилноста, во комбинација со напредни автопилотски фунции. Моделот ќе се произведува во Динголфинг, на иста лента со возилата со обичен мотор. Во истата година следи премиера и на BMW i4, како чисто електрична купе-лимузина, паралелно на серијата 3 на BMW. Производството ќе биде во Минхен.

BMW i3 останува во понудата до 2024 година, продажбата расте иако моделот е на пазарот уште од 2013 година

BMW i3 во меѓувреме се претвори во вистински хит-модел на пазарот на електрични автомобили иако е на пазарот уште до 2013 година. Во време кога продажбата дури и расте, од групацијата потврдија дека производството на моделот ќе продолжи до 2024 година. Дотогаш ќе има уште еден „апдејт“, како пред две години, со новите батерии кои овозможија значително подолг досег и воедно изведување спортска варијанта i3s.

Mini Cooper SE Getaway Car
Mini Cooper SE

Во меѓувреме се подготвува уште една ѕвезда во групацијата, електричниот Mini Cooper SE, односно Mini Electric. Производството во Оксфорд започна во ноември, за моделот досега се регистрирани повеќе од 90.000 можни купувачи.

Со дванаесет модели со електрифицирана погонска спрега, групацијата BMW е меѓу водечките производители во тој поглед во светски рамки. Следната цел е едно од секои четири продадени автомобили во Европа во 2021 година да биде плагин-хибрид или чисто на струја. За 2025 година се очекува уделот да се зголеми на една третина, за од следната декада, возилата со погон на струја да учествуваат со половина во вкупната продажба на возила од групацијата BMW.

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Тест: BMW 118i M Sport

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini ги претвора божикните бајки во реалност

Lamborghini ги претвора божикните бајки во реалност

volkswagen id crozz id4x

Volkswagen в година со 34 нови модели, осум се на струја или хибриди