Tesla го постави својот 500-ти суперполнач во Европа

Tesla го постави својот 500-ти суперполнач во Европа
Tesla го постави својот 500-ти суперполнач во Европа

Во Лондон е поставена 500-та станица за супербрзо полнење на електричните автомобили на Tesla во Европа. Станува збор за полначи од најноватата генерација со моќност до 250 киловати. Tesla моментно има близу 5.000 единечни полначи што се достапни за европските возачи.

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ја пушти во работа својата 500-та супербрза станица за полнење за електрични автомобили во Еврропа.

Таканаречениот „Supercharger“ во Лондон е воедно прв полнач од најновата генерација, што се поставува надвор од територијата на Северна Америка. Овие полначи можат да постигнат моќност до 250 киловати.

Фирмата досега има поставено 4.700 единечни полначи во 24 држави во Европа. На една станица може да има најмногу 44 единечни полначи.

Tesla претходно вети дека 99 проценти од населението во Европа до крајот на годинава ќе имаат достапност до полнач до когошто можат да стигнат со досегот на нивниот електричен автомобил.

Пионерот на електричниот погон штотуку постигна договор за купување на земјиште во сопственост на германската сојузна покраина Бранденбург, за изградба на фабрика во близина на Берлин. Со овој чекор се очекува драстично зајакнување на калифорниската марка во Европа.

Три од секои четири продадени електрични коли во САД се Tesla

Претходна објаваМ Кар ги бара најубавите Mini за да ги награди за Нова Година
Следна објаваМини на струја чини 6.000 евра, деловите од 3D-печатар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here