Илон Маск главна вест: Турнал знак со „сајбертракот“

илон маск пикап паркинг
илон маск пикап паркинг

Актуелноста на електричниот пикап на Tesla уште не почна да стивнува, а веќе следи ново поглавје. Илон Маск со намера да го повози својот најнов изум низ улиците на Лос Анџелес случајно турнал еден сообраќаен знак. Сцената одвај дочека: Се објавуваат 15-минутни репортажи, се критикува по социјалните мрежи, светот долго немал толку интересни поп ѕвезди.

Можно е дека низ светот постојат региони во коишто или им е премногу здодевно на медиумите, или некои ѕвезди едноставно се премногу интересни за светот. Илон Маск, кој сосем извесно е повеќе популарен и од претседателот на САД, планирал едноставно да сврти круг со својот Cybetruck низ градот. На излезот од престижниот ресторан Нобу во Лос Анџелес, мултимилијардерот турнал еден пластичен столб за разграничување на паркиралиштето.

Сцената како одвај да дочека да објави повторно за „поп-триото“ Маск, Tesla и Cybetruck. Едни го обвинуваат Маск за тероризирање, други оценуваат дека е неовозможно да се вози контроверзно дизајнираниот пикап, трети се потрудиле малку повеќе па додаваат хумористична компонента.

Футуристички дизајнираниот електро-камионет во меѓувреме достигна 250.000 нарачки.

Неколку објави на твитер под обележувачот #cybertruck:

https://twitter.com/langejanne/status/1203775312707895299?s=20

Претходна објаваТаткото на McLaren F1 создаде кола со најнапредна аеродинамика
Следна објаваЕлектрични камиони Volvo за градежништво и за регионален превоз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here