за

Електрични камиони Volvo за градежништво и за регионален превоз

Електрични камиони Volvo за градежништво и за регионален превоз
Електрични камиони Volvo за градежништво и за регионален превоз

Volvo FL Electric и FE Electric се камиони со погон на струја наменети за градска дистрибуција на стока и за собирање отпад кои од минатиот месец се достапни за одредени пазари. Шведскиот производител веќе го презема следниот чекор и претстави два концепти на тешки електрични камиони за градежништвото и за регионална шпедиција.

Во првиот случај станува збор за кипер со четири оски, додека вториот е влекач со полуприколка. Технички детали околу концептите на камионите со погон на струја засега не се објавуваат.

Volvo Trucks сепак најавува дека во видно време ќе започне со изработка на мала серија од двата камиони, коишто ќе бидат понудени на избрани клиенти. По пробната фаза на камионите на батерија во реални услови на примена евентуално ќе следи и старт со редовно сериско производство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

илон маск пикап паркинг

Илон Маск главна вест: Турнал знак со „сајбертракот“

Holden commodore calais

Локалните изведби на Opel Insignia и Astra заминуваат од Австралија