Mitsubishi Model A влезе во галеријата на славните јапонски автомобили како историски значајно возило. Тоа ги постави темелите на сериското производство на автомобили во земјата. Изработката на прототипот започна во летото 1917 година, а автомобилот достигна зрелост за отпочнување со сериско производство во ноември 1918 година. Во следните три години беа изработени уште 22 примероци. За погон служеше 2,8-литарски четирицилиндарец со 35 КС.
Како зачетник на масовното производство и како прв сериски автомобил што бил достапен во слободна продажба, Mitsubishi Model A се вбројува меѓу најзначајните возила во историјата на јапонската автомобилска индустрија.
Бидејќи во тоа време постоеле само малку алати и машини што биле наменети за производство на автомобили, првиот Mitsubishi Model A бил изработен рачно. Каросеријата била изработена од дрво, а во внатрешноста се користела скапа англиска волна. Не постоеле ниту технички цртежи, а се работело со скромни познавања околу бензинските мотори, каросериите и завршната изработка на кабината, како и без искуство во производствените процеси.
https://www.instagram.com/p/Bc7OJ2QDxfw/
Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен
















