за

Три модели на Ford победија во изборот на читателите на Sport Auto

ford fiesta st
ford fiesta st

Три модели на Ford победија во своите категории во изборот на германскиот специјализиран магазин Sport Auto. Според гласовите на читателите, Fiesta ST, Mustang GT Fastback и Mustang Convertible најмногу се погодени по вкусот на љубителите на спортското возење.

Читателите на германскиот магазин за спортски автомобили Sport Auto изгласаа победа за три спортски модели на Ford во своите класи. Покрај Ford ST, ценетата награда и годинава им припадна на Mustang GT Fastback и Mustang Convertible.

Гласовите од читателите на Sport Auto имаат дополнителна тежина, бидејќи покрај тоа што станува збор за вистински авто-ентузијасти, читателите на магазинот поседуваат и технички, како и практични познавања. Во Ford се особено горди на тоа што успеваат со два сосем различни погонски концепти да ги освојат гласовите, од една страна со Fiesta со преден погон, од друга страна со Mustang кој по традиција поседува заден погон.

Ford Fiesta ST обезбеди четвртина од вкупниот број гласови во категоријата на „градски автомобили“. Моторот е 1,5-литарски турбо со директно впрскување и 200 КС, со когошто Fiesta забрзува од место до сто за 6,5 секунди. Крајната брзина изнесува 232 km/h.

Ford Mustang GT Fastback третпат победува во категоријата на „сериски купеа до 50.000 евра“ во конкуренција на увозни марки. Пони-автомобилот со петлитарски V8 со 450 КС освои половина од гласовите. Со четири први и едно второ место досега, Mustang GT Fastback веќе е претплатник во изборот на Sport Auto.

https://photos.app.goo.gl/ooz1bCshVujkXBpy5

Трета победа и за кабриолет изведбата Mustang Convertible, којашто претходно се пласираше на врвот во 2017 и 2018 година, во категоријата на кабриолети и родстери до 50.000 евра, во конкуренција на увозни марки. Моделот освои 27,2 проценти од вкупниот број гласови во оваа категорија.

Магазинот за спортски автомобили годинава го организираше изборот со гласовите од читателите по 27-ми пат. Вкупно гласале 12.352 читатели, во конкуренција од 275 модели во 28 категории, од кои 18 за автомобили од сериско производство. Во секоја категорија се гласа за една германска и една странска марка.

https://www.instagram.com/p/B4-KM4Nhdi6/

Така изгледа чувството за слобода денес: Ford Mustang Mach-E на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault K-ZE

Кинескиот Renault на струја пристига во Европа во 2021 како Dacia

mitsubishi model_a

Mitsubishi Model A во галеријата на славните јапонски автомобили