Највлијателните дами кои објавуваат содржини од автомобилизмот во светски рамки ја избраа Mazda 3 за најдобар дамски автомобил за 2019 година. Победата беше објавена во рамките на салонот во Дубаи.
Светскиот избор на дамски автомобил на годината се одржува уште од 2010 година, со гласови од дамите од 34 земји од најразлични страни на светот. Автомобилските експертки, кои заедно досегаат до 260-милионска публика, ги даваат своите гласови за подрачја како што се безбедноста, противвредноста, изгледот, практичноста и влијанието врз животната средина. Основачката на изборот, Сенди Мајри од Нов Зеланд, и претседателката на жирито, Шерин Шебнем, за време на настанот во рамките на салонот на автомобили во Дубаи, ја прогласија Mazda 3 за севкупен победник во изборот за 2019 година.
Победниците во одделните категории во изборот на дамите се:
- Градски автомобил · Kia XCeed
- Семеен автомобил · Mazda 3
- Зелен автомобил · Kia Soul EV
- Луксузен автомобил · BMW серија 8
- Спортски автомобил · Porsche 911
- СУВ/кросовер · Range Rover Evoque
Лани на изборот победи Volvo XC40.
Како претставничка на светскиот избор на дамски автомобил на годината, Сенди Мајри, посочи дека на активностите за дамите на Салонот на автомобили во Дубаи им се дава сосем ново значење: „Ова е првпат да се издвои термин во рамките на салон на автомобили, којшто ќе биде посветен само за дамите. Светскиот избор на дамски автомобил на годината досега ги нема објавувано резултатите во живо на салон за автомобили. Пионерски чекор претставува и можноста да се интервјуираат инструкторки за возење од Саудиска Арабија, директно од бината. Посебна симболика е што тоа се случува во Дубаи, во ОАЕ.“
https://www.instagram.com/p/B47fEpCghOd/
Тест: Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid
https://www.facebook.com/WWCOTY/photos/a.240871629454189/1181820825359260/?type=3&theater
















