Така изгледа чувството за слобода денес: Ford Mustang Mach-E на струја

Ford Mustang Mach-E
Ford Mustang Mach-E

Ford Mustang веќе пет и пол децении ги одушевува фановите ширум светот. Култот на „пони-автомобилот“ сега се пренесува и во ерата на електричниот погон. Ford Mustang Mach-E е замислен како кросовер изведба што им се придружува на традиционалните купе и кабриолет каросериски верзии на Mustang, а воедно вози чисто на струја. Ford цени дека тоа е вистинскиот начин за продолжување на оригиналната идеја при појавувањето на Mustang во 1964 година, кога автомобилот им посредуваше чувство на слобода на американските возачи.

Кросоверот е долг 4,71 метри, широк 1,88 метар и висок 1,6 метар, со вредната напомена дека компактниот електричен погон дозволува многу повеќе простор во кабината, отколку што се претпоставува судејќи по габаритите на возилото. Продажбата во Европа ќе започне кон крајот на 2020 година.

Хенри Форд на првиот автошоу во Детроит најави дека тоа што ќе го понуди ќе удри како гром – тоа беше Модел Т. Денес го претставуваме возилото што повторно ќе удри како гром: Новиот, чисто електричен Mustang Mach-E. Тој е брз, причинува задоволство и повторно го отелотворува посебното чувство на слобода за новата генерација на купувачи

Бил Форд, претседател на надзорен одбор на Ford и правнук на Хенри Форд

Ford ќе го нуди Mustang Mach-E со избор меѓу две батерии, со погон назад или на сите тркала и во неколку степени на моќност.

Стандардната батерија со 288 литиум-јонски ќелии располага со 75 kWh и овозможува досег до 450 километри според новата норма. Со батерија за продолжен досег, се добиваат 99 kWh и возење до 600 километри со едно полнење.

https://photos.app.goo.gl/sTXFyreu9WA7T8ag9

Со погон на сите тркала (двоен електромотор) и со поголемата батерија, Ford Mustang Mach-E ќе постигнува 338 КС и вртежен момент од 581 Nm. Во почетокот од 2021 година ќе пристигне и перформанс-изведба, под ознаката Mustang Mach-E GT, со 465 КС, вртежен моментод 830 Nm и спринт за помалку од пет секунди до темпо сто.

Батеријата е вградена во подот, меѓу двете оски. Со тоа се спушта тежиштето и се овозможува одлична динамика во свијоци

Ford ќе нуди и домашен полнач под името Ford Connected Wallbox, кој ќе овозможи за еден час полнење да се акумулира енергија за 62 километри, кај верзијата на Mach-E со поголемата батерија.

Возачот ќе може да избира меѓу три програми. Секоја програма е придружена со соодветно осветлување на кабината, на работата на инфо-забавниот систем и на вештачки произведениот звук од „моторот“.

За љубителите на спортското возење ќе биде особено привлечно тоа што во верзијата со погон на сите тркала се случува сосем независна распределба на вртежниот момент меѓу предната и задната оска. Тоа ветува одлична тракција, моќно забрзување, а воедно и значајно поместување на границите во коишто почнмува да се појавува дејството на подуправување или надуправување во свијоци.

https://photos.app.goo.gl/7NbBRtvMC1TMnBUF7

Ford Mustang Mach-E GT дополнително ќе се испорачува со приспособливо спортско подвозје MagneRide, со што ќе се постигне уште поширок дијапазон меѓу спортско возење и комфорна амортизација.

Инструментите се дигитални со пречник од 10,2 инчи, додека во средишната конзола работи дисплеј од 15,5 инчи, со когошто се ракува исто како со мобилен телефон. Премиера во електричниот кросовер на Ford има коминукацискиот систем Sync 4, со двојно побрза работа, способност за учење и обновување на софтверот преку безжична мрежа.

Сосем нова платформа за Mustang Mach-E, што во иднина ќе се користи и за други електрични модели

Ford разви комплетно нова платформа за електрични возила, што доживува премиера во Mustang Mach-E. Наспроти сета нова технологија во возилото, стилот на каросеријата ги следи препознатливите обележја на Mustang, со долга и моќно контурирана хауба, како и со типичен опаш со триделни светла. Под предната хауба се наоѓа дополнителен багажник, со зафатнина од 100 литри. По пример на Puma, во него се наоѓа чеп за испуштање на водата по миењето на просторот. Во багажникот назад собира 402 литри, кој со соборување на клупата се зголемува на 1.420 литри.

https://photos.app.goo.gl/vjVZo2YgGJNL2ZM1A

Mustang Mach-E првпат нуди и можност да се пристапи во возилото само со паметен телефон, кој служи како клуч. Кросоверот нема обични рачки во вратите. Кога возилото по пат на блутут врска ќе препознае дека се приближува возачот, односно регистрираниот телефон, вратите се отклучуваат. Дури и за стартување на погонот нема потреба да се користи клуч. При празна батерија, вратите се отвораат преку сензорските копчиња во средниот столб, а за вклучување на погонот треба да се внесе и ПИН, преку средишниот дисплеј.

При користење брз полнач, во мрежата на Ionity, за десет минути се полни доволно енергија за 93 километри, во случај на Mach-E со поголемата батерија. Во стандардната изведба со 75 kWh, полнењето до 80% трае покусо од 40 минути.

Основната цена за Ford Mustang Mach-E на германскиот пазар изнесува 46.900 евра (заден погон, и батерија од 75 kWh).

https://www.youtube.com/watch?v=6j0S2V4Wtjc

https://www.instagram.com/p/B4_Ym9qn3AS/

Ford бележи рекордна продажба во Германија

Претходна објаваSkoda произведе три милиони менувачи DQ200 за концернот VW
Следна објаваЕкс-фабриката на Opel во Бохум стана центар за пакети на DHL

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here