Уште една во серијата генијални реклами за BMW M5, којашто прави човек сериозно да се замисли, колку навистина е брза оваа тркачка машина што Баварците ја вградуваат во лимузинска каросерија
BMW прашува, што можеш да направиш за точно 3,4 секунди? Така пишува во заглавјето на рекламата што се појави во некои од најтиражните дневници во азиските земји. По боите во заднината веќе може добро да се насети кој провоцира со прашањето. Светло сината, модрата и црвената се војничките бои на M GmbH.
Баварците измерија. За точно 3,4 секунди може …
… да се внесат 11 букви …
… да се испејат првите три зборови од „Hello“ на Адел …
… да се вклучи последната генерација паметни телефони …
… да се направат пет чекори …
… да спринтуваш од место до темпо 100, со новиот BMW X5.
Ова мајсторство на креаторите на јавниот настап на BMW за азискиот регион е заокружено со вистинската порака: „Make Every Second Count“ или „секоја секунда е важна.“
Тоа е предизвикот на премиум марките, особено на светските лидери во сегментот. Колку што е предизвик да создадеш врвен BMW, толку е предизвик и соодветно да го претставиш пред јавноста. По тоа што може да се забележи на сцената, BMW кај нас се држи мошне добро.

















