Rolls-Royce денес затвора порано – се гледа фудбал

rolls-royce-fudbal

Во канцелариите и во производствената хала на Rolls-Royce во Гудвуд денес порано ќе заврши работното време. Благородничката британска марка ги пушта своите вработени да се подготват за вечерашниот полуфиналеч меч со Хрватска

Во седиштето на Rolls-Royce во Гудвуд од попладнево престанува секаква работна активност. Производителот на најблагородните автомобили во светот ги пушта своите вработени, вклучувајќи ги и врвните мајстори во изработката на автомобилите, порано да заминат дома, за да можат да го следат вечерашниот полуфинален меч против фудбалската репрезентација на Хрватска.

Без претходна најава и како единствен исклучок, денес запира производството во единствената фабрика на британската марка во светот. Директорот Торстен Милер-Отвос: „Семејството на Rolls-Royce е разновидно и космополитско. Во домот на Rolls-Royce работат лица од близу 50 нации. Но, како горда британска компанија, со седиште во Западен Сасекс, сметавме дека е правилно и важно да оддадеме чест на успехот на Англија.“

Некои можеби ќе навиваат за Хрватска.

Претходна објаваТрета фабрика започнува со производство на Mercedes A-Class
Следна објаваШтутгарт забранува сообраќај за дизели послаби од Еуро 4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here