Audi e-tron ќе биде првиот сериски автомобил што има камери и дисплеи место класични ретровизори. Но, погрешно е да се верува дека разликата е „само“ во дигиталните ретровизори
На времето беше вистинско уживање да се слуша звукот на V8 или шуштењето на турбокомпресорот. Но, времињата го сменија и тоа. Денес и во иднина, уживањето зад воланот е во апсолутната тишина. И во звукот од совршено дотерано озвучување, најдобро од данските мајстори на добриот звук во Bang & Olufsen. Така Audi го најавува чувството во q-tron, СУВ-моделот со погон на струја, кој пристига кон крајот на годинава.
Благодарение на електричниот погон, кабината ќе понуди зачудувачка просторност. Дизајнерите како да сакаат дополнително да го нагласат тоа, затоа што внатрешноста изгледа едноставно, растоварена од стилски екскурзии, речиси во скандинавски стил. СУВ моделот од високата класа доаѓа со дигитален концепт на ракување. Audi e-tron меѓу другото е прв сериски автомобил без надворешни ретровизори.
За премиерата на внатрешноста на Audi e-tron беше одржан посебен настан во Копенхаген, во прочуениот Royal Danish Playhouse. Салата за 650 лица со својата совршената акустика послужи како бина за демонстрирање на верниот звук на скапоценото озвучување од Band & Olufsen, со 16 звучници и засилувач од 705 вати.
Овој систем што го заживува некогашното значење на „хај-фај“ ќе се добива со доплата, исто како виртуелните ретровизори. Audi го опишува тоа како следен чекор во дигитализацијата на кокпитот. Сликата од камерите се прикажува на посебни дисплеи, коишто се вградени во вратите, веднаш покрај арматурната табла. Диспеите се OLED, со пречник од 7 инчи. Возачот може да го дотерува приказот во дисплеите, исто како со класичните ретровизори. Плус опција: Можност за зумирање и одзумирање. И уште една опција плус: Избор на три модуси за прикажување, за автопат, за свртување и за паркирање.
Уште еден впечатлив детал е средишниот тунел, којшто нема странични ѕидови. Бирачот на режимот на возење изгледа како да лебди, заедно со потпирачот за рака. Покрај тоа, целиот кокпит е свртен кон возачот. BMW испраќа поздрави.
Оние со префинет вкус ќе се одушеват од изработката. Седиштата се штепувани со мотив што потсеќа не струјно коло. Кој ќе се чувствува пријатно од тоа, може да избере и штепови во портокалова боја – со симболика на висок напон.
Со меѓуоскино растојание од 2.928 милиметри, Audi e-tron ќе нуди изобилство простор за пет патници и багаж. Audi ветува дека должината на кабината, висината напред и назад, како и просторот за колена назад се на ниво на Q7. За просторното чувство помага и отсуството на масивен тунел по должината на подот.
Бидејќи се работи за електрично возило, односно нема мотор што ќе ги придуши вообичаените звуци, акустичарите на Audi веројатно постигнале врвно дело. Звукот од струењето на ветрот при брзина од 85 km/h, којшто е апсолутно потиснат од звукот на моторот кај обичните возила, во Audi e-tron целосно е изолиран од кабината.
[FAG id=33476]



















