Шаторот подигнат покрај фабриката на Tesla во Фремонт стана дел од автомобилската историја, онаа во којашто херои се електричните автомобили. Овој џиновски шатор беше клучен за исполнувањето на целта на Tesla, неделното производство на Model 3 да се искачи на 5.000 примероци
Организирањето на дополнителна производствена линија во шатор покрај фабриката во Фремонт се покажа клучно за да се оствари ветувањето на Илон Маск. Неговата марка електрични автомобили успеа до крајот на јуни да достигне неделна продукција од 5.000 примероци за ветувачкиот Model 3.
Многумина сметаа дека тоа е премногу амбициозна цел за калифорнискиот производител. Но, сега е официјално. Tesla со овој чекор застана рамо до рамо со традиционалните големци во браншата. По историскиот момент во неделата следела голема прослава во Tesla. Некои, сепак немаат причина за славење по големиот успех на електро-пионерот. Тоа важи особено за големите концерни кои се надеваа дека политиката уште долго време ќе им дава безрезервна поддршка.
Машините пристигнаа од Германија со карго-авиони и беа поставени под шаторот за само две недели
Генијалниот техно-мултимилијардер се реши да произведува во шатор поради временскиот теснец. За цврста градба е потребно многу време. Вака, со огранизирањето на производството под шатор се заштеди многу на време. Потребни беа само две недели за шаторот да се постави врз бетонската основа.
Според објави во американските медиуми, од почетоклот на годинава се произведени 30.000 примероци од Tesla Model 3, од кои 6.000 се произведени само во јуни. Маск наводно го пронајде и виновникот за доцнењето со планот. Буквално станува збор за виновник, за вработен, на когошто му било одбиено зголемување на платата. Тој креирал измислен профил, влегол во системот за менаџирање со производството и внел погрешни податоци.
Јавноста реагираше со потсмев на ваквата саботажа, но факт е дека Tesla сега произведува 5.000 примероци од Model 3 на неделна база. За една година, со оваа динамика би се произвеле 250.000 примероци. Само од „евтиниот“ Tesla Model 3, не сметајќи ги Model S и Model X.
7000 cars, 7 days
♥️ Tesla Team ♥️— Elon Musk (@elonmusk) July 1, 2018
1 team pic.twitter.com/2SB8H6stjT
— Tesla (@Tesla) July 2, 2018
















