за

Илон Маск обвинува за саботажа во Tesla

tesla proizvodstvo

Производителот на електрични автомобили имал непријател во сопствените редови. Вредни податоци излегувале од Tesla, производството било препрограмирано. Маск се сомнева и за подметнат пожар

Вработен во Тesla намерно го попречувал производството, специјалистот за електрични автомобили е жртва на саботажа. Шефот Илон Маск им го соопшти тоа на вработените во компанијата и на неколку медиумски гиганти. Штотуку ќе се проценува штетата којашто е предизвикана од саботажата, но според првичните процени на Маск станува збор за сериозен удар врз компанијата.

Вработениот извршил промени во производствениот систем користејќи лажно корисничко име. Покрај тоа, саботерот изнесол голем обем чувствителни податоци надвор од компанијата.

Одбиено унапредување дало поттик за овој непријателски чин. Маск сепак наведува дека случајот има многу поголема заднина. „Како што знаете, постои долг список на организации кои сакаат Tesla да згасне,“ пишува тој до вработените. Најгоре на списокот се наоѓа нафтената индустрија, а не отсуствуваат и берзанските шпекуланти.

Техно-милијардерот набрзо испратил и второ електронско писмо, во коешто објавува ново забавување во производството на Model 3. Причина за новиот застој е пожар. „Синоќа имаше необичен испад, за когошто не постои логично објаснување,“ стои во писмото на Маск. Мал пожар во фабриката предизвикал неколкучасовен застој во производството на каросериите. Шефот на Tesla се сомнева дека и во овој случај се работи за саботажа. Маск ги советува вработените да внимаваат на сé што не е во најдобар интерес на компанијата. Тој додава дека „преживуваат само параноиците“.

Пионерот на електричниот погон веќе подолго време се соочува со загуби, неисполнети произвоствени цели, заминување на раководството и кобни незгоди коишто се предизвикани од автопилотот во возилата. Неодамна Маск најави дека ќе отпушти една десетина од персоналот.

Model 3 требаше да претставува пресвртница, како прв модел на Tesla којшто ќе биде достапен цена за поширок круг купувачи. Пред две недели уште постоеше оптимизам околу исполнувањето на планираната продукција од 5.000 примероци од Model 3 на неделно ниво. Но, планот нема да се исполни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 508

АДАК го тестираше новиот Peugeot 508

Mercedes EQC

Mercedes EQC ги полни батериите на шпанското сонце