Електричниот Volvo првпат ќе вози пред публика во Гудвуд

polestar 1 goodwood

Polestar 1, електричниот автомобил од подмарката на Volvo, првото возење пред публика ќе го има на Фестивалот на брзината во Гудвуд

Традиционалниот Фестивал на брзината во Гудвуд е местото кадешто публиката за првпат ќе го види Polestar 1 во движење. Престижното купе од подмарката на Volvo што е специјализирана за електричен погон ќе вози на ридската патека во Англија во средината на јули.

Во последниве години, во Гудвуд дебитираа важни автомобилски новитети, особено откако производителите почнаа да ги напуштаат класичните салони. Зад воланот на престижното купе ќе биде главниот тест возач на Polestar, Јоаким Ридхолм. На патеката што се наоѓа на приватниот имот на Лорд Марч ќе вози четвртиот тест-прототип од „единицата“ на Polestar.

Во меѓувреме се вршат завршни тестирања и дотерувања со останатите прототипи на неколку локации низ светот. Првите примероци од моделот што доби комплетно нова фабрика во Кина ќе бидат испорачани во средината на следната година.

Претходна објаваНарачките за Rolls-Royce Cullinan се полни до 2020 година
Следна објаваVolkswagen ја скусува продукцијата на Passat

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here