Yamaha го преработи спортскиот квадрицикл YXZ1000R за новото моделско годиште. Овој необичен спој меѓу конструкција со гени на мотоцикл, седење како во автомобил и погон на сите тркала, наменет е само за една цел – за авантура и возачко уживање далеку од асфалтот
Покрај неколкуте измени во дизајнот, Yamaha YXZ1000R доби и суштински дотерувања во механиката и електрониката. Овие промени се направени за сопствениците да можат да извлечат уште поголема моќност од еднолитарскиот трицилиндарец, преку вградување на фабричкиот турбо-кит GYTR. Според Yamaha, вградувањето на китот сега е полесно и поевтино.
Уште не се открива дали моторот доби екстра КС, но доволно може да се заклучи и од тоа што трицилиндарскиот DOHC и натаму врти до 10.500 во секој степен на пренос. Клипниците сепак претрпеа неколку измени и тоа би требало да го продолжи векот на моторот, особено по преправка за трки.
Новитет е и тоа што ладилникот е преместен назад, кадешто е повеќе заштитен од валкање. Подобреното ладење на моторот со преоѓањето на двоен ладилник се подразбира.
Степените на пренос се менуваат преку рачки зад воланот, промената сега трае покусо благодарение на преработената електроника. Целата душа на возењето на Yamaha YXZ1000R е во спортскиот менувач. Овој YCC-S преку информации од сензорите ја вклучува или исклучува спојката, за да овозможи беспрекорно сопирање или забрзување. Преносот е скусен во новото моделско годиште.
Со преселувањето на ладилникот се отвори место за дополителни ЛЕД-светла. Заштитниот кафез доби рамна пречка озгора, за возачот да има подобра прегледност при искачување или симнување под екстремни агли. Има и дополнителна пречка назад, заради зголемување на крутоста.
Гумите Big Horn со надворешен пречник од 29 инчи и осумслојна заштита се поотпорни, го зголемуваат растојанието од подлогата и одговараат за секој терен. Бандажите имаат пречник од 14 инчи. Преработени се и амортизерите Fox Podium 2,5 со прогресивни навои.
Овој Side-by-Side, како што опфицијално се води неговата сорта, стандардно доаѓа во традиционалната сина тркачка боја на Yamaha. Испораката се очекува да стартува во октомври.
Технички податоци · Yamaha YXZ1000R
Мотор
Тип на мотор: 3 цилиндри, 4 такти, водено ладење, DOHC, 4 вентили
Работна зафатнина 998 ccm
Пречник x Од 80,0 mm x 66,2 mm
Компресија 11,3 : 1
Подмачкување со сув картер
Менувач: Секвенцијален, 5-степен + рикверц
Погон On-Command 2WD, 4WD, 4WD со блокада на преден диференција
Секундарен погон преку карданско вратило
Подвозје
Напред две триаголни водилки со стабилизатор и 412 mm работен од
Назад две триаголни водилки со стабилизатор и 432 mm работен од
Сопирачки напред, 2 диска
Сопирачки назад, 2 диска
Гуми напред Maxxis Bighorn M917, AT29x9.00R-14 алуминиумски бандажи
Reifen hinten Maxxis Bighorn M918, AT29x11.00R-14 алуминиумски бандажи
Димензии
Должина 3.121 mm
Ширина 1.626 mm
Висина 1.834 mm
Меѓуоскино растојание 2.300 mm
Растојание од подлога 330 mm
Најмал круг на вртење (радиус) 6,0 m
Тежина, со полн резервоар 699 kg
Резервоар за гориво 34,0 L
Количина на моторно масло 3,4 L
Носивост на простор за багаж 136 kg




















