за

Mini умее и куќа да изгради

Mini Living Urban Cabin in LA

Покрај производител на автомобили, Mini од неодамна настапува и како градител. Во Лос Анџелес е прикажана третата варијанта на Урбаната Кабина на Mini Living, како увид во стабениот комплекс што во меѓувреме се гради на другата страна на светот, во Шангај

Дизајнерите во Mini имаат повеќе работа од нивните колеги во останатите марки. Покрај тоа што имаат голем предизвик да му дадат впечатлива стилска нота на секој модел на Mini, тие дизајнираат и сé наоколу. Кај британската мини-марка на BMW, автомобилите се само дел од животниот стил. Затоа не е изненадување кога оттаму ќе претстават и куќа.

За Фестивалот на дизајнот во Лос Анџелес e изработена Mini Living Urban Cabin. Овој микро-стан е поставен на неискористена кровна површина во центарот на Градот на ангелите. Урбаната кабина во Л.А. е трета варијанта на концептот што Mini Living го разви лани. Вкупно се предвидени пет варијанти.

Кабината е замислена како привремено живеалиште со висока флексибилност и многу можности на површина од само 15 метри квадратни. Секоја варијанта на кабината се изведува според локалниот идентитет и култура. По Лондон, Њујорк и Лос Анџелес, следните две престојувалишта до крајот на годинава се Пекинг и Токио.

Идејата е да се создаде мрежа од креативни живеалишта низ цел свет, во коишто станарите ќе се чувствуваат како дома, без разлика во кој град живеат во моментот.

Според Естер Бане, директорка за стратегија и иновација во Mini, на овој начин се „овозможува постигнување на вистинска заедница, се отвораат вратите, се создава јавен простор“. Притоа, не се останува само на планови, туку истите и се реализираат. Mini моментно гради повеќе од 50 станови во Шангај, вклучувајќи и заеднички и јавни простори.

Урбаните кабини се состојат од три дела. Едниот модул е за живеење и спиење, вториот модул се состои од кујна и купатило. Третиот модул го дизајнираат локални архитекти. Во Лос Анџелес, тоа се FreelandBuck.

[FAG id=32993]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

камиони погон на метан

Камиони со погон на метан на проба во супермаркетите Aldi

Yamaha YXZ1000R

Двосед на Yamaha прави забава од теренското возење