Tesla ќе гради фабрики за електрични автомобили во Европа и Азија

Најуспешниот производител на возила на струја од Калифорнија планира да изгради фабрики во Европа и во Азија, за да се задоволи растечкиот интерес на светскиот пазар.

Шефот Илон Маск планира до крајот на оваа година во фабриката на Tesla во Калифорнија да се произведат најмалку 21.000 примероци од престижната лимузина Model S, која што е достапна на пазарот по цена од 70.000 долари. За следната година, продукцијата на моделот се очекува да се зголеми двојно. Сегашниот производствен капацитет на фабриката од 500.000 возила може да стане претесен откако во следните години во понудата на Tesla ќе влезе помал модел кој ќе се продава за половина од цената на Model S. За догодина се очекува во понудата да влезе и спортски теренец со погон на струја, со ознака Model X, додека помалиот модел на Tesla, веројатно со име Model E, ќе биде достапен на пазарот за три до четири години.

Tesla е автомобилски феномен на годината. Вредноста на акциите на специјалистот за погон на струја се зголемија за четири пати, додека пазарната вредност на марката ja надмина дури и онаа на групацијата Fiat. Американската компанија веќе отвори мал погон за монтажа во Тилбург, Холандија, каде што ќе се врши завршно склопување на примероците на Model S што се наменети за продажба на европскиот пазар.

Претходна објаваФејслифт на Audi A8: Овој Audi гледа со матрични очи
Следна објаваMazda 3: Уште 7500 километри до Франкфурт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here