за

Mazda 3: Уште 7500 километри до Франкфурт

Полувреме на турата на Mazda 3 од фабриката во Хирошима до салонот во Франкфурт. Со пристигнувањето во Катун е комплетирана првата половина од маратонската тура од 15.000 километри.

Само уште 7.500 километри преостануваат за осумте Mazda 3 кои што појдоа од фабриката во Хирошима со цел да пристигнат навреме во германската метропола на реката Мајна, каде што на 7-ми септември треба да се одржи европската премиера на новата генерација на компактниот модел на Јапонците.

Маратонската тура претставува голем напор за возачите и за возилата. Четвртата етапа започна од сибирскиот Краснојарск и водеше до Кемерово, на оддалеченост од преку 1.500 километри. Учесниците на турата пристигнаа до нивното одредиште по 16 часови, со тричасовно задоцнување, возејќи низ длабока сибирска ноќ, по патишта со дупки длабоки неколку педи, неретко пробивајќи се низ животински стада на патот. По неколку часови возење се продолжи преку Артибаш покрај Телетското Езеро до Катун, на истоимената река.

Моментно, тимот што е составен од новинари, блогери и фанови на марката патува за Новосибирск, најголемиот град во Сибир и трет најголем град во Русија. Околу 1,5 милион жители брои овој град на реката Об, од каде што преостануваат 6.800 километри до Франкфурт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla ќе гради фабрики за електрични автомобили во Европа и Азија

Оваа Kia има душа