Оваа Honda има поголем досег од сите

honda hondajet elite

Honda во меѓувреме почна да изложува и на салоните за аеронаутика. Јапонската марка чиешто лого се наоѓа на најширока палета производи, почнувајќи од косилки за трева до роботи, вклучувајќи автомобили и мотоцикли, секако, од пред четири години произведува и приватни авиони. Hondajet доби нова верзија

На салонот за аеронаутика во Женева, Honda ја претстави специојалната верзија од својот приватен авион со млазен погон. Hondajet Elite постигнува за 396 километри подолг досег од стандардната изведба на авионот. Со 2.661 километри или за 17% повеќе, Elite ја има најдобрата вредност во својата класа. Дополнително се работело и на смалување на нивото на бучава во превозното средство за најуспешните бизнисмени.

Honda Hondajet let

Honda првпат го претстави својот бизнис-џет пред четири години. Hondajet постигнува брзина до 770 km/h и мошне веројатно е најбрзото возило на Honda. Од 2016 година, млазниот авион се нуди и во Европа. Авионот со седум седишта, вклучувајќи и две седишта за пилотите, се произведува во САД. Hondajet е посебен по тоа што погонските единици не се поставени вообичаено под крилата, туку се наоѓаат озгора.

Претходна објаваТокио ќе пушти роботски автомобили за Олимпијадата во 2020 година
Следна објаваBMW Z4 даде стартен сигнал за уживањето во возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here