Шефот Кригер ги откри првите детали за BMW iNext

BMW iNext

Електричниот модел ќе се произведува во фабриката во Динголфинг, и според најавата на првиот човек на BMW, тој ќе воведе значајни иновации коишто ќе претставуваат основа на иднината на мобилноста на ниво на сите марки во групацијата.

BMW iNext практично е платформа за иднината, од којашто ќе профитираат сите марки. Електричниот кросовер ги интегрира сите клучни технологии на идната мобилност во едно возило. Погонот секако дека е на струја, возилото ќе располага со сите функции и услуги на вмрежувањето, а ќе може и целосно да ја преземе контролата од возачот, односно ќе поседува технологија за автономно возење. Кригер најави дека концептното возило како најава за идниот BMW iNext ќе биде прикажано уште во текот на годинава.

Набрзо следат и останатите детали од говорот на Харалд Кригер во Минхен.

BMW INext

 

BMW серија 8 ќе има премиера на 24 часа Леман

BMW M5 со плус 25 КС и уште поагресивно подвозје

BMW 6 Gran Turismo добива четирицилиндарски дизел

BMW X3 почна да вози и на струја

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

 

Претходна објаваХамбург прв германски град со забрана за дизел
Следна објаваBMW iNext го вклучува електричниот погон во повисока брзина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here