Suzuki се збогува со дизел моторите

Suzuki Vitara

Хибриди со достапна цена и со ознака SHVS што асоцира на некогаш мошне популарниот видеозапис за домашната кинотека (S-VHS) и бензинци со турбонатполнење и директно впрскување Boosterjet тоа ќе бидат единствените погонски опции во Suzuki, покрај класичниот Dualjet. На повеќе пазари во Европа веќе е исклучен дизел моторот од понудата на јапонскиот специјалист за градски автомобили и погон на сите тркала.

Тоа и не треба да е изненадување, затоа што комплетно обновената постава со моделите Ignis, Swift и Baleno воопшто не го вклучи дизелот во понудата од погонски единици. Единствените моделски серии во коишто продолжи да работи дизелот беа „најстарите“, Vitara и S-Cross. Во иднина, оваа опција исчезнува и оттаму.

Suzuki се поштедува и од ускладувањето на дизелите со новите норми WLTP

Со исклучувањето на дизелот, Suzuki се поштедува и од непотребните маки околу ускладувањето со новиот циклус за мерење на потрошувачката и емисијата WLTP. Од друга страна, интересот за дизелот е во силно опаѓање на повеќе пазари. Од „трета страна“, со сите технологии што дизелот го претворија во херој на сцената, од типот на турбонатполнење и директно впрскување на горивото, денешните бензинци трошат незначително повеќе од дизелите. Изборот на „D“ е само навика.

Овој важен стратешки чекор не менува многу. Suzuki веќе го нуди благиот хибрид SHVS во триото Ignis-Swift-Baleno, кадешто стартер генератор му помага на моторот при секое забрзување и на тој начин постигнува осетна заштеда во потрошувачката на гориво. Уште една предност на благиот хибрид што прави Suzuki моментно да биде единствен во понудата во соодветните сегменти: Baleno 1.2 SHVS во топ-нивото GLX чини 14.550 евра или 560 евра повеќе од класичната верзија. Тука има улога и акцизното ослободување за модели со хибриден погон.

Претходно и Nissan најави дека се откажува од дизел моторите, а наскоро ќе следат и останатите јапонски марки. Тоа беше предвидливо, имајќи предвид дека европскиот пазар е главниот „потрошувач“ на дизелот, а интересот во последните две години опаѓа рапидно. Suzuki веќе има конкретни најави и за електрични автомобили.

Suzuki првпат продаде над три милиони автомобили

Suzuki Swift меѓу трите финалисти за светски автомобил

Suzuki вози кон нова рекордна година

Унгарија го произведе тримилионитиот Suzuki

Тест • Suzuki Vitara 1.6 AllGrip GL PLus

 

Претходна објаваДамите и Ferrari – нераскажаната приказна во музејот во Модена
Следна објаваСветот не изгледа различно по Rolls-Royce Cullinan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here