X-Way NP е варијантата со погон на метан во новата моделска серија на Iveco, којашто е наменета претежно за примена во градските подрачја. Тоа е одговор на сé построгите норми за издувни гасови и бучава.
Пред нарачката, Jacky Perrenot ги тестираше предностите на метанот, при што се постигна намалување на потрошувачката за 10%, како и значајна редукција на емисијата на азотни оксиди и гареж во споредба со возило со дизел мотор според Euro VI. Количината на СО2 се смалила за дури 95%, бидејќи бил користен биогас. Stralis X-WAY NP 8x2x6 CNG го исполнува и строгиот сертификат PIEK (71 dB), со што се овозможува примена 24/7 и во градското подрачје.
Компанијата Jacky Perrenot ги набавила првите три камиони со погон на метан во 2012 година. Шест години подоцна, во нејзиниот возен парк има повеќе од 500 камиони кои согоруваат метан место дизел. Планот е до 2020 година во возниот парк да има 1.000 возила со погон на CNG или LNG.
ЈСП тестира погон на метан како гориво за почисто Скопје
Skoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија
Течен метан на пат да го замени дизелот во камионите
Метанот ѝ заштедува 800 евра по возило на автошкола во Мадрид
Триесет автобуси со погон на метан во словенската престолнина
















