Неодоливиот шарм на тјунирано комбе

ms rt ford transit custom

Комбе со тркачки гени? Колку и да се чини противречна, оваа комбинација сепак е остварлива. Секако дека таа не може да се најде во салоните на големите марки, туку треба да се побара наоколу. Британската фирма M-Sport може да го претвори Ford Transit Custom во тркачка машина, односно барем да му вгради спортски гени на легендарното комбе.

Нема сомневање дека во M-Sport добро ќе ја завршат работата, затоа што станува збор за фирма на Малколм Вилсон, поранешен прв човек во фабричкиот тим на Ford во светското првенство во рели, и секако, сопственик на тимот M-Sport во актуелниот шампионат во рели.

MS-RT не прави евтини преправки, сите тјунинг-компоненти за Ford Transit се произведени во Велика Британија

Надворешната преработка опфаќа нов преден браник и маска, со интегрирани фабрички магленки, со впечатлив преден дифузор, проширени крила, прагови, заден дифузор и спојлер. Сé е произведено во Велика Британија, нема роба отстрана. Секако дека не смее да отсуствува и спортски издув.

OZ Racing изработи бандажи од 18 инчи специјално за MS-RT, како што официјално се води тјунерскиот огранок на Вилсон. За гуми се избрани Hankook Ventus S1 evo2 со индекс на носивост 103 XL. Подвозјето е спуштено со пружини Eibach. Дозволената тежина на товар е непроменета.

https://www.facebook.com/vansportuk/posts/869609219898643

Треба да се избере само уште каросериската варијанта: Фургон со две или три седишта, комбе со пет седишта или минибус со шест седишта. Потоа следи и избор на варијанта со нормално или долго меѓуоскино растојание, како и еднокрилна или двокрилна задна врата.

Седиштата се изработени рачно и обложени со напа-кожа и алкантара. Спортскиот волан исто така носи печат на MS-RT. На неколку стратешки избрани места се поставени и украсни панели од карбон. При испорака на готово возило, Transit Custom доаѓа опремен со навигација, паркинг сензори и камера, греење на седишта и на ветробран, како и HID-светла.

Моторот стандардно е дволитарски TDCi со 170 КС и 405 њутнметри, во комбинација со шестстепен мануелен или автоматски менувач.

[FAG id=32096]

Може едно „тјунирање“ на Tesla Model S?

Ford Escort одбележува 50 години од премиерата

Ford GT „вози“ со 300 мегабајти во секунда – побрзо од борбен авион

Стартуваше производството на новата Ford Fiesta

Претходна објаваМери Бара со најдобра заработка меѓу авто-босовите
Следна објаваМетан го заменува дизелот во камионите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here