Задача во крстозбор за автомобилски фанови: Модел на Ford со мотор V6 од 3,5 литри, со твинтурбо, постигнува врвни перформанси. Тоа е лесна задача, решението е Ford GT. Но, дали? Постои уште едно можно решение, Raptor.
„Тркачкиот“ пикап на Ford, изведен врз основа на F-150, класичар за американскиот возач и со децении назад најпродавано возило на тамошиот пазар, го изведе својот потфат по патеката што со право се нарекува Зелениот Пекол.
Видеото прикажува како Ford совршено контролирано лизга по свијоците – иако реалноста може да е малку поинаква
Со Вон Гитин Помладиот зад воланот, Raptor ѝ приреди ретка глетка на автомобилската сцена, со овој суперкамион од три тони и 450 КС, во совршено контролирано лизгање по свијоците коишто совладале многу автомобили и возачи. Вистина е дека кадрите се скусени и само се стекнува впечаток дека тркачкиот камионет владее со асфалтот на Нирбургринг, но да не го расипуваме филмот.
Ford Focus ќе добие хибридна изведба
Ford Escort одбележува 50 години од премиерата
Ford мора да гради втора фабрика за Lincoln Navigator
Ford GT „вози“ со 300 мегабајти во секунда – побрзо од борбен авион
Porsche 911 GT3 RS постави нов рекорд на Нирбургринг
















