Двата последни новитети од Mitsubishi, кросоверот Eclipse Cross и концептниот GT-PHEV добија награди „Good Design“ од експертите на Чикаго Атенеум. Наградите се потврда дека дизајнерската ренесанса на Mitsubishi се движи во добра насока.
Eclipse Cross штотуку влегува во жестоката трка во сегментот, сега наоружен со потврда за добриот изглед. Good Design е најстара и најпрестижна манифестација за одбележување на најдобрите дизајнерски достигнувања и иновации на глобално ниво, во организација на музејот за архитектура и дизајн „Чикаго Атенеум“. Првите награди „Good Design“ се доделени во 1950 година во Чикаго, од легендарните архитекти и дизајнери Едгар Кауфман, Еро Саринен и Чарлс и Реј Ејмс.
Mitsubishi Eclipse Cross се издвојува од едноличноста во сегментот на СУВ-моделите
Дизајнерскиот правец што Eclipse Cross го зацртува за идните модели на Mitsubishi се води како „Робусно и генијално“. Највпечатливото подрачје секако е опашот, којшто драстично отстапува од едноличноста во сегментот на компактните СУВ-модели. Кубистичкиот стил е дополнително нагласен со издолжените задни светла и со спојлерот што го дели задното стакло.
Главниот дизајнер Цунехиро Кунимото само површно ја открива судбината на концептот GT-PHEV, којшто како да почна да привлекува уште повеќе внимание откако се појави Eclipse Cross: „GT-PHEV не е сериски автомобил, но јасно го прикажува дизајнерскиот говор кај автомобилите што ќе може да се купат во блиска иднина.“
Mitsubishi Eclipse Cross се нуди на останатите пазари во три моделски изведби, сите со 1,5-литарски бензинец со турбонатполнење, директно впрскување и моќност од 163 КС. Верзијата со погон на сите тркала е достапна со 6-степен мануелен менувач или безстепен менувач (CVT), додека погонот на сите тркала оди исклучиво во комбинација со CVT-менувач и со највисоките нивоа на опрема Intense Plus и Instyle.
Останатите нивоа на опрема се Inform, Invite Plus и Intense. Моделот уште не е комерцијализиран на македонскиот пазар.
Mitsubishi Outlander PHEV надмина 100.000 продажби во Европа
Купување Mitsubishi преку интернет во Велика Британија
Првиот контингент од Mitsubishi Eclipse Cross патува кон Европа
Honda CR-V Hybrid во трка против бестселерот Mitsubishi Outlander PHEV
Mitsubishi пред 100 години го произведе првиот јапонски автомобил
















