Големиот теренец на Seat се вика Tarraco

seat tarraco

Кодиакот“ на Шпанците конечно доби име. Четиринаесеттиот модел именуван според шпански топоним е Seat Tarraco. Така изгласаа фановите. Во игра беа уште Avila, Aranda и Alboran.

Третиот СУВ на шпанската марка се вика Tarraco. Така решија гласовите на 146.124 фанови на Seat од 134 држави, кои учестувале во завршниот круг од јавниот избор на името на новиот модел. Tarraco добил 51.903 гласови, односно освоил 35,52% од гласовите, Avila добил 39.321 гласови, додека на третото место е Aranda со 39.321 гласови. Близу 13.000 лица сметале дека Alboran најмногу ќе му одговара на дотогаш безимениот модел.

Seat Tarraco го носи старото име на шпанскиот град Тарагона

Тарако е старото име на денешната Тарагона, најстарата римска колонија на Иберискиот Полуостров. Продолжува традицијата во именувањето на моделите на Seat. Tarraco е 14-от модел на Seat што носи име на шпански град. Првиот модел според оваа практика е Ronda од 1982 година. Потоа следат уште 12 модели: Ibiza, Malaga, Marbella, Toledo, Inca, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea, Ateca и Arona.

Во првиот круг од јавното гласање пристигнаа вкупно 133.322 предлози од фановите од 106 држави, кои предложија дури 10.130 шпански топоними. Потоа следеше пречистување на долгата листа со предложените имиња според нивната звучност. Оттаму произлегоа четирите имиња за финалето: Alboran, Aranda, Avila и Tarraco.

Volkswagen, Skoda и Seat од иста фабрика во Алжир

Автомобилскиот свет низ бројките на Seat

Seat ќе го произведува големиот теренец во Волфсбург

Претходна објаваVolvo XC40 добива трицилиндарски бензинец
Следна објаваЕдна година чекање за испорака на електричен автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here