Првиот модел со погон на струја од Porsche пристига на крајот на 2019 година. Но, нема да остане само на еден модел, на Mission E. Во развој на нови електрични автомобили во следните три години се вложува двојно повисока сума отколку првично планираната.
Porsche до 2022 година ќе инвестира многу повисока сума за развој и производство на електрични автомобили отколку што беше планирано претходно. За оваа цел првично беа наменети три милијарди евра, сега се шест милијарди. Покрај комплетно нови модели со „батериски“ погон, во план се и плагин хибридни верзии од постоечките модели. Првиот електричен модел, Mission E, стартува со продажба кон крајот на 2019 година.
Резултатите од ланската деловна година ќе бидат објавени во март. Во 2016 година, марката од Цуфенхаузен оствари промет од 22,3 милијарди евра и добивка од 3,9 милијарди евра. Продажбата лани се зголеми за четири проценти, тоа соодветно ќе донесе и поголема добивка.
Porsche Mission E ќе стартува со годишна продукција од 20.000 примероци
Mission E ќе се произведува во матичната фабрика во Цуфенаузен. Планирано е да се стартува со годишна продукција од 20.000 возила. Најголем интерес за електричниот автомобил се очекува во САД, но и во Норвешка, којашто е светски шампион во поглед на уделот што автомобилите на струја го постигнуваат во вкупната продажба.
Според менаџерите на спортската марка, продажбите на електричните автомобили ќе продолжат со сегашното темпо во следните три до пет години, но потоа ќе следи нагло пробивање на пазарот.
Спортските модели со обичен погон ќе се нудат и натаму, особено екстремните спортски варијанти. Дизелот, исто така. Cayenne со дизел мотор моментно не може да добие хомологација, заради недозволената регулација на издувните гасови. Помалиот модел Macan ќе мора вторпат да ги посетува сервисните работилници, од истите причини.
Купувачите на Porsche Panamera преферираат хибриден погон
Фабрика на Bosch во криза поради слабата продажба на дизелот
Дизелот сé помалку интересен за возачите во Европа
ФИА ги прикажа новите тркачки болиди во електричната формула
















