Во фабриката на Holden ќе се произведуваат електрични автомобили

holden elektricni avtomobili

Лани згасна производството на автомобили во Австралија, откако Holden последен ја затвори фабриката, по Ford и Toyota. Британски индустријалист е заинтересиран за купување на фабриката на Holden, во којашто во иднина би се произведувале електрични автомобили. Нивниот конструктор е ценето име во браншата.

Електрични возила ќе ја вратат во живот автомобилската индустрија во Австралија, откако есеноска запре производството во фабриката на Holden. Австралиската марка на General Motors го следеше чекорот на Ford и Toyota, со што беше ставен крај на повеќе од стогодишното автомобилско производство во земјата.

Место Holden ќе се произведуваат возила конструирани од легендарниот Гордон Мареј

Британскиот индустријалист Санџев Гупта може да стане нов сопственик на фабриката на Holden. Вредните индустриски капацитети би се користеле за производство на електрични автомобили. Доколку понудата на Гупта биде највисока, од австралиската фабрика наскоро ќе почнат да излегуваат електрични автомобили развиени од Гордон Мареј, еден од најценетите конструктори на болиди во формула 1 и татко на легендарниот McLaren F1.

Санџев Гупта неодамна ја презеде гигантската железарница на југот на Австралија и најави масовно вложување во соларни и батериски постројки, со коишто ќе се надмине недостигот од електрична енергија за снабдување на значајниот индустриски капацитет.

Соларни автомобили ќе возат 3.000 километри низ Австралија

Вирусот WannaCry поштеди стотици австралиски возачи од казна

Toyota, Ford и GM си заминуваат од Австралија

Претходна објаваBentley Bentayga во трка до облаци на Пајкс Пик
Следна објаваЕлектричниот пикап пристигна, но не e од Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here