Германската индустрија бара експерти за 3D-печат

3D-печат

Автомобилската индустрија е една од главните бранши во коишто наоѓа примена 3D-печатењето. Бројот на новоотворени работни места за специјалисти за 3D-печат во германските компании лани се зголемил за близу 90 проценти.

Техниката на 3D-печатење постигна огромен пробив во минатата година. Тоа се покажува и во бројот на огласи за вработување на експерти за 3D-печатење во германската индустрија. Бројот на распишани конкурси во сите бранши лани се зголемил за 88 проценти, со вкупно 4.100 нови работни места.

Само во последните две години се вработени преку 6.000 специјалисти за техника на тридимензионално печатење. Најмногу вработувања има во браншата машиноградба и постројки, кадешто отпаѓаат околу 2.200 места. На второто место е автомобилската индустрија со 1.400 места, потоа следат стоматолошката и медицинска техника со 1.350 и воздухопловството со 1.300 места. Лани трипати се зголемил бројот на работни места за специјалисти за 3D-печат во автомобилската индустрија, стоматолошката и медицинска техника, како и во аеронаутиката.

Во најголемиот број огласи се бараат конструктори и машински инженери, програмери, експерти за продажба и развој на пазар, како и експерти за истражување и развој. На регионално ниво предводи Минхен, кадешто отпаѓаат околу 15 проценти од вработувањата во 3D-печатот.

Резервни делови за олдтајмери од 3D-печатар

Делови од 3D-печатар во тркачките болиди на BMW

Претходна објаваЛегенда со легенда: Арнолд Шварценегер прв зад воланот на G-Class
Следна објаваТоп 10 најпродавани автомобилски марки во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here