за

Легенда со легенда: Арнолд Шварценегер прв зад воланот на G-Class

mercedes g-class detroit

Средба на две легенди во театарот Мичиген во Детроит. Во вечерта пред отворањето на салонот, Mercedes ја претстави новата генерација на G-Class пред повеќе од 500 гости на посебно организираниот настан. Зад воланот се најде лично терминаторот, Арнолд Шварценегер, холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија.

Бината беше посебно изведена во стилот на Шекл, прочуениот рид во близината на фабриката во Грац, којшто е предизвик за секое теренски возило. Тоа е само лесна вежба за G-Class, кој уште во првата генерација од 1979 година без проблеми се искачи на Шекл.

Новиот G-Class продолжува во стилот на претходникот, но во него буквално се крие најсовремената техника со којашто располага концернот. Вистинскиот датум на производство се открива дури во кабината, зад кокпитот со два дигитални дисплеи по пример на E-Class и S-Class. Според Mercedes, теренската пробивност на новиот модел е дури и подобрена во споредба со пра-моделот. Не недостигаат најсовремени системи за асистенција, исто како и специјални програми што ја дотеруваат техниката за возење во различни услови.

Mercedes G-Class Detroit 1

Сите теренски модели на Mercedes носат дел од G-Class, па било тоа и само буквата G

Новиот G-Class поубедливо се поставува како знаменосец во понудата од теренци на Mercedes. Буквата G се однесува на Geländewagen, односно теренски возило. Од почит кон G-Class, сите теренски модели на марката од Штутгарт ја имаат буквата G во ознаката, од GLA до GLS.

Соработката меѓу тогашниот Daimler-Benz AG и австрискиот Steyr-Daimler-Puch започна во 1972 година и произведе автомобил кој прерасна во култ. Целта при развојот беше да се конструира автомобил кој ќе биде супериорен на теренот, но во исто време ќе поседува функционалност и безбедност за користење во секојдневието. Погонот на сите тркала, теренската редукција и трите блокади на диференцијал со 100-процентно затворање уште оттогаш се заштитен знак на G-Class, исто како и цврстата носечка рамка.

[FAG id=30485]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

infiniti q inspiration

Infiniti ќе развива само електрични автомобили по 2021 година

3D-печат

Германската индустрија бара експерти за 3D-печат